СДСМ до Обвинителството поднесе три кривични пријавиСкопје, 3 март 2015 (МИА) - Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска поднесе три кривични пријави, против Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер, како и против градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, соопштија од СДСМ.
- Кривичните пријави се поднесени за различни кривични дела кои произлегуваат од содржината на досега објавените разговори, стои во соопштението на партијата.
Во пријавите, велат од СДСМ, опфатени се прекршување на правила и прописи при апсењето на Љубе Бошкоски, незаконско уривање на објектот Космос и договарањето бркање од работа на политички неистомисленици по парламентарните избори 2011 година.
|