Реакција на МВР на изјавата на Жерновски

Скопје, 3 март 2015 (МИА) - Министерството за внатрешни работи дејствувало и дејствува во рамки на законските ингеренции, стои во пишаната реакција на денешната изјава на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

- Мора да е непријатно кога од позиција на функционер треба да ги напаѓате и валкате професионалните полициски службеници кои секојдневно ги ризикувале и ги ризикуваат сопствените животи за безбедноста на Андреј Жерновски и сите граѓани на Општина Центар. Мора да е горчлив вкусот кога од истите тие полициски службеници барате да расчистуваат кражби на кабли, а по партиски медиуми сте објавувале кражби на документи од тоа што градел некој пред вас, бидејќи во ваше време не постои такво нешто, стои во соопштението од МВР.

Ова „мора“, се подвлекува во реакцијата од МВР, сепак важи за човек со дигнитет. - Ова „мора“ не важи за некој чие единствено достигнување во мандатот се лагите и манипулациите, се вели во реакцијата.

- Граѓаните на општина Центар очигледно избраа човек кој се согласи врвот во кариерата да му биде да биде повикан од Зоран Заев на прес-конференција, доколку Верушевски се согласи на тоа преку рачно напишано писмо, стои во пишаната реакција од МВР.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...