Заврши 5.циклус од проектот Домашна визита - посетени 19.555 лица

Скопје, 4 март 2015 (МИА) - Во рамки на петтиот циклус од проектот Домашна визита, што Министерството за здравство го спроведуваше во изминатите речиси четири месеци, посетени се вкупно 19.555 лица низ целата држава.

Само тимовите од патронажната служба во рамки на Здравствен дом Скопје, во текот на петтиот циклус Домашна визита посетиле вкупно 5.119 лица, соопшти Министерството за здравство.

Петтиот циклус на проектот опфати категорија на повозрасни лица, и тоа мажи над 75 години и жени над 80-годишна возраст.

Со проектот, како што се наведува, се овозможуваат превентивни прегледи за лица на кои посетата на најблиските амбуланти им е отежната поради природата на болеста, така што патронажните тимови од здравствените домови низ државата, ги посетуваат тие лица во нивните домови, по претходна телефонска најава.

Во текот на посетата, медицинските тимови вршат мерење на нивото на крвен притисок, нивото на гликемија, холестерол, а воедно споделуваат совети за здрава исхрана и здрави стилови на живот, практикување физичка активност, како и редовни здравствени контроли.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...