Могерини потврди дека Македонија останува на европската агенда

Брисел, 4 март 2015 (МИА) - Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, потврди дека Македонија останува на европската агенда и дека Балканот е Европа, а не соседство, додека комесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, побара сите партии во земјата да учествуваат во надминување на проблемите.

Ова, како што јави дописникот на МИА од Брисел, двајцата високи членови на Колеџот на комесари на Европската комисија го соопштија на денешната прес-конференција, каде го претставија новиот пристап на Унијата во однос на земјите од соседството.

- Одговорот е да, Македонија е на дневниот ред, тоа е сигурно, истакна на почетокот Могерини, која за цело време го користеше уставното име за нашата земја, а не референцата од Обединетите нации.

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ потврди дека изминатиот период била во посета на Балканот, не на Македонија, туку на Босна и Херцеговина и дека фокусот што Брисел го има на Балканот е многу голем. Потенцирајќи дека БиХ е единствената земја што таа ја посети двапати официјално во првите три месеци, Италијанката истакна и дека големо внимание се посветува од неа лично и на дијалогот Косово-Србија.

- Во овие рамки, сигурно Македонија е на дневниот ред, како што е секогаш на дневен ред кога треба да им помогнеме на земјите кои се клучни за нашиот регион. Говорејќи за соседството, Балканот не е соседство, тоа е Европа. Во конкретниве услови уште повеќе и очигледно е дека тоа е потребно. Ги прочитав препораките на ЕП за земјата, ја следев дебатата и јас сум подготвена да го следам тоа заедно со комесарот Хан, со кого нашата работа на Балканот е многу координирана и сигурно, земјата ќе остане на агендата, потврди Могерини.

На крајот од својот одговор за ситуацијата во Македонија, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата рече дека се плаши оти не е веќе прашање дали во Македонија се случува нестабилност.

Комесарот Хан, пак, рече дека тој е во редовен контакт со политичките лидери во Македонија и дека Брисел ја има понудено својата помош за решавање на актуелната криза во земјата.

- Мислам дека и двете страни треба да се придвижат, тие треба да го почитуваат владеењето на законите, независноста на судството, да ја почитуваат слободата на медиумите и, пред се, мора да почитуваат и да бараат да имаат слични или исти политички стандарди во однос на работата на Парламентот, како што е случај во другите земји, посочи Хан.

Комесарот за преговори за проширување, исто така, потврди дека видни членови на ЕП исто така ја понудиле својата подготвеност да арбитрираат меѓу различните партнери или партии во земјата и дека чека да се види што ќе бидат следните чекори.

- Но, со цел да се зачува оваа европска перспектива, потребно е да се решат проблемите во земјата и таа да се врати на адекватни, меѓународни, европски стандарди, заклучи Хан.

Во следните неколку денови, се очекува делегацијата на ЕП, составена од европратениците Едвард Кукан (ЕПП), Ричард Ховит (европски социјалдемократи) и Иво Вајгл (известувач за Македонија), да одреди датум за да допатува во Скопје и да се обидат, како во успешниот случај со Албанија, да ја вратат опозициската СДСМ во Собранието и да воспостават политички дијалог власт-опозиција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...