Грипот се уште во подем, да се почитуваат мерките за превенција

Скопје, 5 март 2015 (МИА) - Грипот е се уште во подем и се очекува да продолжи и во следните две до три недели, укажува Министерството за здравство.

Во последната недела од минатиот месец се пријавени 4.781 новозаболени лица со симптоми на грип на територијата на цела држава, што претставува зголемување на бројот на регистрирани случаи во однос на минатата недела за 43,7 проценти. Вкупно досега се пријавени 18.652 лица со симптоми на грип.

Најдобра превенција од грипот, укажуваат од Министерството за здравство, е да се избегнува контакт со заболено лице, редовно да се одржува личната хигиена и хигиената на рацете (миење  раце со сапун и топла вода или користење влажни марамчиња на база на алкохол, особено по кашлање и кивање). При појава на заболувањето потребно е сместување на заболеното лице во посебна просторија (домашна изолација) се додека симптомите на болеста не исчезнат, како и често проветрување на собата на заболеното лице и дезинфекција на површините.

Вирусот на грип, појаснува Министерството за здравство, циркулира во текот на зимските месеци, а може да предизвика заболување кај лица од сите возрасни групи. Болеста се пренесува по воздушен пат (при кивање и кашлање), како и при контакт со заболен. Период на инкубација е најчесто од еден до три дена, а болниот е заразен еден ден пред да се појават симптомите и седум дена по појавување на симптомите. Ова заболување има ненадеен почеток со појава на висока температура, главоболка, општа изнемоштеност, болки во мускулите и зглобовите, црвено и болно грло, солзење во очите и секреција од носот, кашлица. Кај дел од заразените лица болеста може да помине и без симптоми или пак со благи симптоми на настинка.

Грипот најчесто се карактеризира со полесна клиничка слика и поминува за неколку дена со симптоматска терапија и мирување, додека кај ризичните групи може да предизвика и компликации со тешка клиничка слика како пневмонија. За ризични групи се сметаат: лица над 65 години со хронично заболување, бремени жени, деца под две-годишна возраст, лица кои боледуваат од белодробни, срцеви или малигни заболувања, лица со дијабет и други хронични заболувања.

Лицата кои не спаѓаат во ризичните групи и имаат полесна клиничка слика, може да се лекуваат по препорака на лекар во домашни услови со симптоматска терапија. Но, доколку симптомите не се подобрат за три дена потребно е да се побара помош од лекар, соопшти Министерството за здравство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...