Дипломатскиот клуб реагира на искажани ставови на македонски дипломати

Скопје, 5 март 2015 (МИА) - Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб реагира, како што се наведува во пишаното соопштение, на „неодговорните“ ставови за актуелната политичка ситуација во Македонија на некои од поранешните и сегашните македонски дипломати.

- Ваквата состојба е предмет на бројни коментари, анализи и разговори што се водат во средствата за информирање. Притоа, од страна на поединци во јавноста се пласираат најразлични произволни и неодговорни оценки и коментари упатени кон одделни држави и меѓународни организации и нивните претставници, кои, по својата содржина и употребениот речник, нанесуваат сериозна штета на угледот на нашата држава, оценува Дипломатскиот клуб.

Посебно загрижува, се додава во соопштението, што во овие изјави се вклучени одредени сегашни и поранешни дипломати на Република Македонија.

- Ваквите изјави од сегашни или поранешни дипломати, кои перманентно ја спроведуваат или ја спроведувале надворешната политика на државата утврдена од нашите највисоки претставнички органи, денес, со своите изјави во јавноста оставаат впечаток дека во целиот овој 24-годишен период од осамостојувањето до денес спроведувале политика која била неискрена и лицемерна кон нашите стартешни партнери ЕУ, САД и НАТО, велат од ИО на Дипломатскиот клуб.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...