Во Дебар се помалку бракови

Дебар, 5 март 2015 (МИА) – Во континуитет последните години, во Дебар, се помал е бројот на склучените бракови. Лани се регистрирани 103 бракови што е за дваесет помалку споредено со претходната година, додека со пред една или две децени и не може да се споредува. 

Според лицата кои се непосредно вклучени во склучувањето на граѓанските бракови, порано имало и по повеќе од 300 бракови годишно.

Причините се најразлични, но главната е секако масовната миграција.

- Миграцијата ги однесе младите во белиот свет. Порано отидените, возрасни мажи си ги зедоа семејствата таму. Децата растат и таму создаваат семејства.Порано тука доаѓаа и правеа свадби и нормално се венчаваа.Сега тоа се прави се поретко. Наместо нашинците да дојдат тука, сега малкуте роднини што се останати тука заминуваат во САД или низ европсите земји, вели Илми Франгу советник на општина Дебар, кој како советник- делегат при склучување бракови е присутен  шест години.

Од почетокот на годинава ргистрирани се седум бракови. Последно судбоносното „да“ го кажале Фаланза Коруми и  Фатљум Марке.

- Секој четврток во неделата е резервиран за бракови,но некогаш ги нема и тој ден. Во периодот на летото бракови селучуваме  во други денови врз снова на договор со делегатот и матичната служба.Се помалиот број на бракови е последица на масовната миграција не само во САД и западно европските земји туку и во други градови во Мскедониј, како и во Косово и Албанија, истакна Афрдита Шахини одговрона за ова прашање во општината.

По изградбата на новата општинска зграда во неа има посебна просторија, убаво украсена, која е одредена за свечениот чин на склучување граѓански брак, со што се надмина долгогодишниот  проблем со недостиг на соодветна просторија за тоа.

Инаку, во САД се над 16 илјади дебрани, додека осум илјади во  западно европските земји,пред се во Италија и Германија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...