Грчки европратеници ја искараа Могерини што рекла Македонија

Атина, 5 март 2015 (МИА) – Европратениците на ПАСОК Никос Андрулакис и Ева Каили и испратиле писмо на Федерика Могерини во кое протестираат против тоа што таа го употребила терминот Македонија на прес - конференцијата во Брисел.

„Почитуван висок претставник - Заменик-претседател на Европската комисија, со ова писмо, ние би сакале да го искажеме нашето изненадување и загриженост во врска со одговорот што го дадовте за време на прес-конференцијата за прегледот на европската политика за соседство, во кој говорејќи за Вашата последна посета на поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ), ја нарековте земјата со називот ’Македонија’", пишуваат грчките европратеници.

Тие наведуваат дека според заклучоците од декември 2005 на Советот за општи работи и надворешни односи, „се додека не се постигне заемно прифатливо решение за прашањето за името со Грција, ЕУ ќе продолжи да го користи привремниот назив на поранешната југословенска Република Македонија (ПЈРМ) на сите документи на ЕУ и форуми“. Покрај тоа, тие ја потсетуваат Могерини дека „во ’Забелешка за генералните директори и шефови на сервиси’, издадена од страна на Генералниот секретар, Кетрин Деј на 27 август, 2014, е истакнато дека треба да се почитува официјалната практика што се однесува на Поранешната Југословенска Република Македонија, во сите документи и конверзација подготвени од страна на Комисијата, додавајќи дека ’името Република Македонија или Македонија’ не треба да се користи од страна на Комисијата“.

„Затоа, ние љубезно бараме од вас да продолжите со сите неопходни чекори со цел да се поправи и во иднина да се избегне горенаведената контрадикција“, и порачаа Андрулакис и Каили на Могерини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...