Во штипскиот регион ќе се гради магистрален канал од езерото Мантово

Штип, 5 март 2015 (МИА) - Проблемот со испуштањето на водата од езерото Мантово по течението на реката Лакавица на територија на Општина Штип ќе се решава со изградба на магистрален канал за наводнување на земјоделски површини.

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев на денешната средба со жителите од селата од Лакавичкиот регион информира дека проектот за изградба на магистрален канал и контрола на водите од браната Мантово влезе во владината програма за инвестирање на 200 милиони евра во наредните 10 години за изградба на објекти за водоснабдување и наводнување на земјоделско земјиште.

- Со водите од Мантово ќе ги наводнуваме полињата на селата Лесковица, Лакавица, Суво Грло, Степанци, Пухче и се до Драгоево и Софилари, рече Захариев.

Тој додаде дека ова решение значи и анулирање на можноста од поплавување на земјоделски површини и домови во Лакавичкиот регион, кој за две години во четири наврати имаше поплави.

Според Захариев, на овој начин ќе се исправи и неправдата за овој регион, бидејќи пред 40 години водите од оваа река која поминува низ општина Штип беа пренасочени за наводнување на Радовишко поле.

- Со овој проект повторно ќе се врати животот во овие села, ќе има услови за земјоделие и сточарство, вели Захариев.

Последните проценки за штетите од поплавите во штипскиот регион изнесуваат над 45.500.000 денари или 740.000 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...