Жените од Шутка имаат потреба од гинеколог

Скопје, 5 март 2015 (МИА) - Повеќе од 8.000 жени во репродуктивен период од Шутка имаат потреба од матичен гинеколог во својата општина, истакнаа денеска на прес-конференција од иницијативата на жени од Шуто Оризари.

Како што информираат од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А., тие во јуни минатата година го покренале ова прашање, по што се понудило парцијално решение.

- По налог на  Министерството за здравство од 1 јули 2014 во здравствениот дом во Шуто Оризари се обезбедуваат гинеколошки услуги еднаш неделно. На овој начин ниту од далеку не можат да се задоволат потребите на жените од општината и не се нудат услуги кои ги нудат матичните гинеколози, односно не може да се следи бременост, не се прават ПАП тестови и микробиолошки брисеви, ниту пак може да се упатуваат жените за лабораториски испитувања и до болничките установи, се вели во соопштението на ХЕРА.

Според Салија Бекир Халил, активистка, повеќе од 8.000 жени од Шуто Оризари кои се наоѓаат во репродуктивен период немаат матичен гинеколог во својата општина, а со тоа им е отежнат пристапот за редовно следење и грижа за своето репродуктивно здравје.

Преку петицијата, која жените самоиницијатвно ја спровеле, бараат од Министерството за здравство да најде начин за отворање постојана ординација на матичен гинеколог, со што ќе се гарантира правото на пристап до квалитетни услуги поврзани со репродуктивното здравје кое го имаат сите граѓани на Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...