Во Кавадарци одбележани 100 години од раѓањето на Страшо Пинџур

Кавадарци, 5 март 2015 (МИА) - Во Кавадарци денеска беа одбедележани 100 години од раѓањето на  народниот херој Страшо Пинџур, кој потекнува од револуционерно семејство од кавадаречкото село  Ваташа.

Пред спомен куќата на Пинџурови во Ваташа беше положено свежо цвеќе, а потоа во Домот на културата „Иван Мазов Климе” во Кавадарци се одржа и свечена седница.

На седницата, професорот по историја Мики Камчевски нагласи дека станува збор за еден од најголемите револуционери и  политички раководители во Македонија  од времето околу Втората светска војна. Ѕверски измачуван од тогашната бугарска полиција, умрел на само 27 години.

- Страшо потекнува од видно револуционерно ваташко семејство кое дало свој придонес и во Илинденскиот период од историјата на македонскиот народ. Дедо му Арсо и баба му Наца биле активни учесници во Илинденското востание, а татко му Димитар бил долгогодишен борец и револуционер во неколку чети на познати војводи од овој крај. Тргнал по стапките на своите претци, рече Камчевски.   

Страшо Пинцур бил фатен од полицијата во 1942 година кога бил на партиска задача во Велес.  

- Во извештајот на околиската полиција во Велес стои дека на 18 декември 1942 година е откриена илегална печатница и во неа биле откриени и уапсени Пинџур и Ацев. По нивното приведување во скопскиот затвор, Мирче останал нем на сите прашања, додека Страшо одговорил, „Ѕверови, јас сум Страшо Пинџур, доста е тоа за вас”. Биле тепани со гумена палка и со парчиња од автомобилска гума, по табаните и нозете и по целото тело, кој каде ќе стигне мавал. После два дена интензивно тепање, во бесвесна состојба Страшо бил однесен во келијата и таму бил оставен 24 часа. Следниот дека побарале повторно да го донесат за испрашување, но тој веќе бил мртов. Бил легнат на подот од келијата, а крај устата имал пена и локва крв. Било наредено уште истата вечер неговото тело да биде однесено и закопано некаде. Мртвото тело било фрлено во реката Вардар. По гнасниот чин полицајците дури отишле подолу од Велес и испукале истрели, па пуштиле абер дека побегнал од затвор, раскажуваше меѓу другото Камчевски.

И денес долги години по овој крвав злочин што го изврши бугарската полиција, посочи Камчевски, сите слободољубиви луѓе и сите кои ја почитуваат храброста и саможртвата, знаат дека се она што го направи Пинџур за слободата на својот народ е дело за восхит и почит, кое за  секогаш ќе остане да се помни и почитува од денешните и идни генерации, затоашто нема ништо посвето од слободата на татковината и слободата на својот народ.

- Споменот за него не прави да се чувствуваме горди што сме потомци на една таква личност, кој својата саможртва ја вгради во темелите на денешна Македонија, додаде  Камчевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...