Формиран Младински совет на БитолаБитола, 5 март 2015 (МИА) - Во општина Битола денеска беше конституиран Младински совет во кој членуваат млади на возраст од 15 до 30 години.
На промотивниот настан присуствуваше и градоначалникот Владимир Талески, кој најави поддршка за сите креативни предлози кои ќе доаѓаат од новоконституираниот Младински совет на Битола.
- Битола е град со многу млади луѓе и нивните идеи и проекти за нас се посебно значајни. Најдобрите идеи и теми ќе ги разгледува Советот на општина Битола, а тоа што ќе биде прифатено ние како обврска ќе го поддржиме и реализираме, истакна Талески.
За прв претседател на Младинскиот совет на Битола избран е Томислав Новевски, кој најави изработка на програма врз основа на донесената Стратегија за млади од општина Битола.
|