Попоски на состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и државите кандидати

Скопје, 5 март 2015 (МИА) - Министерот за надворешна работи на Република Македонија Никола Попоски утре и задутре во Рига ќе учествува  на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Албанија, Исланд, Црна Гора, Србија и Турција.

На неформалниот состанок Попоски ќе учествува на покана на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и министерот за надворешни работи на Летонија Едгарс Ринкевичс (во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ).

Тема на состанокот ќе биде Јужното и Источното соседство на ЕУ, при што дискусиите ќе се фокусираат на прашања поврзани со најновиот развој на настани во земјите од овој регион.

Како што соопшти МНР, се очекува акцентот да биде ставен на случувањата во Украина, во светлина на постигнатиот нов мировен договор во Минск, како и за состојбите во Сирија и Ирак и борбата на коалицијата предводена од САД против ИСИЛ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...