Груевски: Битна е содржината, а не бројот на поднесени кривични пријави

Скопје, 5 март 2015 (МИА) - Лидерот на СДСМ Зоран Заев се обидува да пушти што е можно повеќе кривични пријави за да испрати порака до јавноста дека и тие имаат пријави и да стави некаков знак равенство дека сите имаме кривични пријави и оти тоа е нормална работа, истакна премиерот Никола Груевски коментирајќи ги поднесените кривични пријави од Заев за поголем број функционери.

По промоцијата на нови дела од едицијата „Македонски искушенија“, Груевски подвлече дека институциите ќе ги погледнат фактите и аргументите и ќе оценат што треба. Според него, битна е содржината и квалитетот на пријавите, а  не бројката.

- Во правото не се гледа бројот, квантитативно кој колку поднел кривични пријави, туку се гледа тежината на тие кривични пријави. Се гледаат фактите, аргументите, законите... Проценуваат стручни луѓе кои ги гледаат сите факти. Теоријата дека што повеќе кривични пријави ќе си пуштиме еден на друг, па во јавноста, во лицата на луѓето ќе изгледаме исто, нема да помине кај граѓаните, рече Груевски.

Според него, Заев прави ревитализирање на неговите изјави од типот дека не е важно кој снимал, дали снимал Заев или некој друг.

- Како што тргнал нема да ме изненади и наскоро да каже дека се шалел, дека јас и Сашо Мијалков сме снимале, како што тврдел тој. Секојдневно ги менува изјавите, секојдневно ревитализира работи што претходно ги кажал, едноставно нема стабилност во она со кое што настапува. Постојано менува и граѓаните тоа го гледаат.  Мислам дека ќе наиде на осуда и нема да наиде на прифаќање она што го прави господинот Заев, подвлече Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...