Работилница за енергетска ефикасностМаврово, 6 март 2015 (МИА) - Министерот за економија Беким Незири заедно со претседателот на Управниот одбор на ЕВН, Штефан Петер и директорот на Агенција за енергетика на Република Македонија Александар Дуковски денеска ќе присуствуваат на работилницата за Енергетска ефикасност која се оддржува во рамките на Платформата за енергетска ефикасност.
Оваа година работилницата се спроведува под мотото „Енергетска ефикасност на дело“, со која продолжуваат активностите во рамки на Платформата за енергетска ефикасност, што ја спроведуваат ЕВН и Министерството за економија на РМ.
|