„Конекција 2“ со девет македонски уметници гостува во Русе

Скопје, 6 март 2015 (МИА) - Во Галеријата на Друштвото на ликовни уметници на Русе, Бугарија, вечер ќе биде отворена изложба на девет македонски ликовни уметници, кои се составен дел од ликовната концепција „Конекција 2" - иницирана од Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.

По успешното претставување претходниот месец во Софија, „Конекција 2“ продолжува со серија изложби низ повеќе градови во Бугарија.

Македонските автори во Русе ќе се претстават со над 70 дела: графика, масла на платно, скулптури и дела изработени од метал. 

Покрај досегашните учесници во овој проект, ликовните уметници Марјан Ѕин од Струмица, Иво Пецов од Виница, Адриана Јованоска од Прилеп, Зоран Мише и Павел Целкоски од Охрид, Иван Стоименов од Скопје и Горан Тричковски од Делчево, изложбата вечер ќе ги вклучи и Слободан Милошески од Кичево, докторанд по скулптура на Националната ликовна академија во Софија, и Јорданчо Ристовски од Крива Паланка, кој на оваа софиска академија е магистер по сликарство. 

Изложбата во Русе ќе биде отворена до 18 март. Поддржана е од Министерство за култура на Република Македонија, а вечер ќе ја отворат директорот на КИЦ на РМ во Софија Васко Шутаров и претседателот на Друштвото на ликовните уметници на Русе, Георги Пасев.
 
Гостувањето во Русе е во рамки на два јубилеја - 10 години ан КИЦ на РМ во Софија и 70 години во на Друштвото на ликовните уметници од Русе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...