Див мобилен оператор функционирал од стан во Гостивар

Скопје, 22 март 2015 (МИА) - МВР во последната акција, во еден стан во Гостивар, открила софистицирана опрема која била користена за реализирање на меѓународни разговори, преку мобилната телефонија. Покрај опремата, полицијата затекнала и неколку лица кои се приведени, додека сопственикот на станот, за кој се сомнева дека е сопственик и на опремата, не е најден.

- Целата истрага на секторот за компјутерски криминал беше иницирана по пријава на мобилните оператори во земјава. Тие пријавија дека трпеле штета од незаконски сообраќај во мобилната телефонија, особено во разговорите кон Србија. Во наредниов период ќе се врши и проценка на штетата, а тоа е отежнато бидејќи сим-картичките не се од оператори кои се регистрирани во земјава, изјави помошник министерот за информации во МВР, Иво Котевски.

Во станот во кој е извршен претресот, биле најдени 40 илјади активни СИМ картички од мобилни оператори од целиот свет, а најголем број од запленетите СИМ картички биле од српски мобилни оператори.

Од МВР информираа дека на адресата на која се наоѓа станот нема фирма која би вршела меѓународен сообраќај. Според Котевски, можно е дивиот оператор најверојатно да е подизведувач на услугата на други мобилни оператори кои правото на трансфер на повици го добиле на меѓународни берзи.

Слична опрема деновиве била заплената и во Белград.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...