Спречен шверц на 2 килограма хероин на ГП „Богородица“

Скопје, 26 март 2015 (МИА) -  На граничниот премин Богородица вчера при контрола на автобус се откриени два килограма хероин за чиј шверц се осомничени македонските државјани Д.Џ. (39) и А.Д. (51). Дрогата ја набавиле во Истабул и сакале преку Македонија да ја транспортираат во Швајцарија.

Против осомничените е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и им е одреден 30 дневен притвор. 

Царинската управа денеска соопшти дека  вчера во 4:30 часот на ГП „Богородица“ за влез во државава е пријавен автобус сопственост на турската превозна компанија „Јадран туризам“ со турски регистарски ознаки кој сообраќа на редовна линија Истанбул – Струга, со 43 патници. При детална контрола на автобусот во багажниот простор во црна патна торба со дупло дно, царинските службеници пронашле 4 црни кеси обвиткани со селотејп, наполнети со кафеава прашкаста материја со вкупна тежина од околу 2  килограми, за која со тестер за наркотици „НИК“ е утврдено дека е хероин. Никој од патниците не се јавил како сопственик на торбата.

По преземање на случајот од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа, во координација со Основното јавно обвинителство – Велес, веднаш се преземени активности за пронаоѓање на сопственикот на дрогата и за утврдување на сите факти и докази во врска со кривичното дело.

Од спроведените предистражни мерки, инспекторите откриле дека торбата со дрога им припаѓа на двајца македонски државјани со иницијали Д.Џ. (39) и А.Д. (51), кои по претходен договор и план за пренос на дрога, отпатувале во Истанбул каде набавиле околу два килограми хероин и имале намера прво да го пренесат во Македонија, а потоа да го транспортираат во Швајцарија каде требало да го продадат. Во Истанбул, Д.Џ. заедно со уште едно лице - турски државјанин ја спакувале дрогата и ја сместиле во црна патна торба со изработено дупло дно. Македонските државјани потоа со автобус заедно со дрогата тргнале кон Република Македонија, но на граничниот премин Богородица беа откриени од страна на царинските службеници, соопшти Царинската управа на Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...