Младински отворени денови во Куманово

Куманово, 26 март 2015 (МИА) - Петнаесетина младински организации од североисточниот регион, денеска во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев„ ја презентираа својата работа во рамките на „Отворениот ден на младински организации“.

Днешената манифестацијата која има за цел да го приближи работењето на граѓанскиот сектор до младите од Куманово и соседните општини ја организираше младинската организација Центар за меѓукултурен дијалог (ЦИД). Оваа организација, објаснија учесниците, функционира како контакт точка на Националниот Младински Совет и се организира во рамките на проектот „Инспирирај младинско учество“.

-Манифестацијата промовира младинска вклученост, информирање, но овозможува и вмрежување на организациите од регионот и развивање на заеднички проекти, изјави Драгана Јовановска од ЦИД.

Организациите преку брошури и во непосреден контакт, пред се, со ученици и студенти ја промовираа својата дејност но и разговараа меѓусебе за нивната вклученост во локалните заеднци и регионот.

- Суштината на овој ден е младите да сфатат како функционира граѓанското општество. За прв пат се одржува „Отворен ден на младински организации“ во североисточниот регион, бидејќи за прв пат и самиот Национален младински совет почна да функционира од пред две години и веќе воспостави контакт точки. За овој регион, ние сме контакт точка и наша задача е да дадеме контакт, да кажеме што тој нуди, изјави Стефан Маневски од ЦИД.

На отворениот ден присуствуваа организации од Куманово, Липково, Кратово и Крива Паланка.

-Волонтери секогаш се добредојдени, без разлика дали во моментот се потребни, обајсни, лидерот на млади на општинската организација на Црвениот Крст, Раде Ристиќ.

Емилија Илиевска, волонтер во Центарот за ромска заедница ДРОМ вели дека волонтери, особено млади секогаш се потребни, но и дека самите преку активно учество во граѓанските организации учат и придонесуваат за развој и на локалната и пошироката заедница. Оваа е прва манифестација од ваков вид. Организаторите најавија дека вакви настани ќе се одржат во осум градови од државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...