Секој што го прекршил законот треба да одговора пред институциите

Скопје, 26 март 2015 (МИА) - Владата има план за излез од кризата кој предвидува за секој оној кој на каков било начин го прекршил законот и се најдат докази за тоа да одговара пред институциите на државата. 

Ова го истакна премиерот Никола Груевски одговрајќи денеска на пратеничко прашање во рамки на собраниската седница. 

- Секако дека имаме план за излез од кризата. Планот е секој кој на кој било начин го прекршил законот или со снимањето на нелегалните материјали, со емитувањето и каков било чекор за кој ќе се најде доказ дека некој го прекршил законот да одговара пред институциите на државата. Ние не бегаме од дијалог и разговор.  Но, тој разговор не може да биде каква било трговија со нешто што е прекршување на законите на Република Макеоднија, истакна премиерот. 

Одговорајќи на прашањето од пратеничката Роза Топузова-Каревска кое се однесуваше на случајот со прислушувањето, Груевски рече дека веќе јавно се има произнесено за овие прашања и потенцира дека  вакви слични ситуации на нелегално снимање и креирање телефонски разговори, упад на безбедносни системи се случуваат во многу држави и оти ниедна држава не е целосна имуна, но важно е што во овој случај нашите безбедносни служби ги разоткрија и успеаја да ги лоцираат, да ги пронајдат и фатат сторителите и да ги изнесат пред институциите на системот кои утврдија и мерки, а во еден случај е изречена и затворска казна. 

Премиерот е убеден дека мнозинството на граѓаните ќе го препознае овој обид со кој сака да се загрози стабилноста на земјата, да се наруши стабилноста  и некој од тоа да профитираат. - Креаторите да профитираат на начин што им е значаен на нив, а нивните експоненти, во овој случај Зоран Заев да се добере до власта до она што всушност граѓаните не сакаат да му го дадат, препознавајќи ги нивните политики како деструктувни, некреативни и политики кои нема да донесат прогрес на Република Македонија, рече Груевски и додаде дека личните цели на Заев се доаѓање на власт по секоја цена, но не со реални проекти, реални програми туку со создавање криза.  

Премиерот посочи дека доколку се погледне историјата на СДСМ, во најголем дел од навратите кога доаѓале на власт била со користење криза.

- Постои обид за загрозување на стабилноста на земјата. Не случајно беа најавувани емитување на креирани разговори со меѓуетнички елементи кои ако на таков начин се сечат, лепат, манипулираат, секако дека може да создадат одредени чувствителни ситуации кај граѓаните. Да бидат изманипулирани и да бидат доведени во ситуација да се поттикне нивна реакција. И тоа е она што говорам да не се подгледне на овиеи шпекулации за целите на тие кои му ги дале креираните разговори на Зоран Заев, рече Груевски. 

За тоа дали разговорите се автентични, тој наведе дека тоа ќе се утврди во судски процес. Но, како што додаде, самиот факт што СДСМ сами кажале дека „ги сечат, лепат, редат, подредуваат, ставаат делови, кажува дека има сериозен елемент на неавтентичност“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...