Речните корита во поплавените региони ќе се чистат во летниот период

Скопје, 26 март 2015 (МИА) - Владата прави големи подготовки за сериозна помош и обештетување на граѓаните погодени од неодамнешните поплави, но и за санација на штетите пред се  на локалната патна инфрастуктура. Деновиве ќе заврши проценката на штетите од поплавите и потоа ќе се пристапи кон реализација на помошта. 

Ова го истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во одговор на прашањето од пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе се санираат оштетените насипи на реката Црна, поставено на денешната седница на Собранието на Република Македонија посветена на пратенички прашања.

Тој посочи дека Агенцијата за државни патишта веќе почна со санација на дел од мостовите кои се на регионални патни правци и додаде дека речните корита ќе се чистат во летниот период.

- Во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и вицепремиерот Владимир Пешевски се прават последните координации за правење на акциски план за чистење на реките. Тие ќе бидат предмет на чистење во текот на летниот период, бидејќи сега кај најголем дел од реките е невозможно да се прави санација  или продлабочување на коритото заради големиот водостој. Очекувам дел од активностите да бидат насочени и кон реката Црна, рече Јанакиески.

Тој додаде дека со акцискиот план ќе биде прецизирано точно на кој потег од реките ќе се интервенира во летниот период, а акцент ќе се стави на сите речни корите кои беа повеќе оштетни во текот на поплавите како што беше и случајот со реката Црна.

- Санацијата најверојатно ќе се спроведува преку Дирекцијата за заштита и спазување, прецизира Јанакиески.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...