Чествување по повод 200 години од раѓањето на Јосип Јуриј Штросмаер

Скопје, 26 март 2016 (МИА) - Со тоа што го направи Јосип Јуриј Штросмаер за браќата Миладиновци, тој го задолжи македонскиот народ за сите времиња, беше истакнато на денешното чествување што се одржа по повод 200 години од неговото раѓање.

На настанот, што го организираше Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, беше посочено дека Штросмаер е хрватски културен деец, духовник, филантроп, доброчинител на македонскиот народ чие име секој ученик го врзува со Зборникот на браќата Миладиновци.

- Што ќе беше со Зборникот да не беше Штросмаер или да не дојдеше до средбата меѓу Константин Миладинов и Штросмаер. Колку ќе беше посиромашна нашата народна литература и нашата култура воопшто, рече проф.д-р Марко Китевски.

Штросмаер, нагласи Китески, напиша дека браќата Миладиновци со Зборникот го забрзаа времето. Со тоа тие ја заслужија нашата почит, но за тоа забрзување на времето голема заслуга има и Зборникот што беше објавен благодарение на Штросмаер, човекот со многу титули и функции, но најпознат како мецена, како бискуп ѓаковачки, како хрватски општественик. 

Хрватскиот амбасадор Златко Крамариќ оцени дека Штросмаер е најзначајната хрватска просветна личност кој има направено многу не само за хрватската, туку и за европската култура. 

- Всушност не сме свесни за сето она што Штросмаер го направи не само за хрватската, туку и за европската култура. Неговите визии се покажува дека и ден денес дека бил на вистинскиот и добриот пат, нагласи Крамариќ, додавајќи дека сето она што денес го има Хрватска како традиција е создадено во периодот на Штросмаер.    

Јосип Јуриј Штросмаер е значаен за македонската култура бидејќи во 1861 година со 70 илјади гроша финансиски го поддржува отпечатувањето на Зборникот на браќата Миладиновци под услов грчките букви во Зборникот да бидат заменети со словенски. 

Роден е на 4 февруари 1815 година во Осиек. Неговото мото „Се за верата и татковината“ ја применува цел живот. Меѓу другото ја создал хрватската Академија на науките и уметностите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...