Во Велес презентиран проектот на УСАИД за практиканска работа на лица со попреченост

Велес, 26 март 2015 (МИА) - Агенцијата на САД за меѓународен развој УСАИД во соработка со Општина Велес, активностите и досегашните резултати од Проектот на УСАИД за практиканска работа и вработување лица со попреченост, денеска во Велес ги презентираше пред претставниците на приватнот, невладиниот и јавниот сектор.
 
Како што појасни пред присутните Лидија Дамческа, проект менаџер, целта на проектот е зголемување на можноста за вработување на лицата со попреченост и подигнување на јавната свест за нивните способности и предизвици со кои се соочуваат.
 
- Посебно е потребно да се работи со компаниите за да бидат информирани за социјалните и законски бенефиции коишто ќе ги имаат ако вработат лица со попреченост, а она што е најважно да го прифатат работниот потенцијал на овие лица, за  кои праксата покажа дека се вредни и посветени работници и можат многу да придонесат во својата работа, потенцира Дамческа.

Како што појасни за медиумите  Мајкл Стивејтер, директор на канцеларијара за развој на УСАИД во Македонија, вработувањето на лица со попреченост не е прашање на милостина, туку прашање на човекови права.
 
- Мора да запаметиме дека лицата со попреченост се лица со многу способности и треба да ги имаат истите можности како и секој друг граѓанин, потенцира Стивејтер.
 
Инаку како што појаснија од УСАИД, за да се постигне оваа цел, проектот кој започна на 15 август 2012 и ќе трае до 14 август 2016 година, обезбедува пракса и обуки, за овие лица. Целта е да се обучат за да  знаат да напишат резиме, да се подготват за успешно интервју и  да започнат сопствен бизнис.
 
Проектот е наменет за лица со попреченост од Скопје, Велес, Куманово, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Тетово, Гостивар, Струга, Дебар и Кичево.
 
Инаку, појасни Дамческа, досега преку проектот се обучени 339 лица со попреченост 14 лица ја посетиле дводневната обука за претприемништво, а 156 претставници од различни компании и институции од Македонија се обучени за менторско водење на лица со попреченост.
 
- Она што е посебно важно, со нашиот проект, 83 лица со попреченост од повеќе региони во Македонија веќе нашле стално вработување и така си обезбедиле животна егзистенција за себе и своето семејство, потенцира Дамческа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...