ЕК уште не одлучила дали ќе испрати експерти за случајот „Пуч”

Брисел, 26 март 2015 (МИА) - Европската комисија се уште не одговорила на писмото-покана од македонското обвинителство за испраќање меѓународни експерти по право со цел да го набљудуваат судскиот случај „Пуч”, што се очекува наскоро да започне, а во кој меѓу другите, обвинет е и лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев за соработка со странски тајни служби и уцена на државниот врв.
 
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчич, денеска посочи дека Брисел се уште не одлучил дали и кого ќе испрати да го мониторира судскиот случај „Пуч”.
 
- Во оваа фаза немам многу што да кажам. Ние примивме писмо, но и ставивме до знаење што се нашите очекувања и во моментов немам некаква нова информација. Кога ќе имам нешто повеќе, ќе бидам среќна да го споделам. истакна Коцијанчич.
 
Запрашана дали е вистина дека еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, веќе дал потврда за испраќање правни експерти во Македонија, со цел набљудување на судскиот случај поврзан со објавувањето на прислушувани телефонски разговори на највисоко државното раководство, гласноговорничката на неформалната Влада на Европската унија одби да одговори.
 
- Како што реков, не можам да потврдам никакви шпекулации во моментов, рековме јасно што очекуваме од Македонија. Реков исто така дека во моментот кога ќе имаме нешто да кажеме повеќе од тоа што го кажавме досега, тогаш тоа ќе го направиме, додаде Коцијанчич.
 
И покрај официјалниот став на Комисијата дека нема одлука за испраќање правни експерти во Македонија, според шпекулациите, веќе се работи на избор на лица што би го следеле случајот „Пуч”, а кои уживаат меѓународен углед за својата правна стручност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...