Граѓаните во 2014. со најмногу претставки за правосудството

Скопје, 26 март 2015 (МИА) - Нема напредок во почитувањето на човековите права и слободи, напротив во некои области има уназадување, истакна денеска народниот правобранител Иџет Мемети презентирајќи го Годишниот извештај за 2014.

- Во извештајната година народниот правобранител постапуваше по вкупно 4.995 претставки, рече Мемети и посочи дека бројот на предмети бил зголемен за околу 400 случаи што укажува дека се повеќе граѓани бараат помош од омбудсманот.

Во споредба со регионот, каде само еден процент од населението бара помош од омбудсманот, во Македонија, како што рече, тој процент е двојно поголем.

Граѓаните до Омбудсманот најмногу се жалеле на правосудството, потрошувачките права, финансиите и царината, работните односи, затворите и полициските постапувања.

Мемети посочи дека има зголемување на говорот на омраза во медиумите, па затоа апелира за разум и толеранција.

Во однос на затворите, народниот правобранител вели дека нема подобрување во условите, а има и дискриминација. - Состојбата со ВПД Тетово е алармантна во секој поглед, рече Мемети и побара итни мерки за решавање на состојбата од надлежните.

Според омбудсманот зголемен е бројот на поплаки од граѓаните за начинот на вработување во јавниот сектор. - Јавната администрација не може квалитетно и ефективно да одговори на потребите на граѓаните и констатирано е опаѓање на квалитетот на нејзината работа, рече Мемети и додаде дека основен услов за вработување е партиската припадност.

Има забелешки и за тоа што институциите водат долги постапки кога се работи за одлучување за здравствена заштита.

- Затоа што Фондот за здравство и Министерството за здравство не реагираат на време. Имавме случај поради ваков начин на работа да почине дете, а потоа да добие акт за лечење. Во предметното работење Народниот правобранител има многу такви случаи. Има случај во кој од денот на поднесување на барање поминале четири години, а граѓанинот не добил одговор. Имаме случаи и кога граѓанинот добил акт за боледување, а поминале 10 години и средствата не може да ги добие, рече Мемети.

Говорејќи за претставките во однос на образованието, Мемети рече дека иако основното и средното образование се бесплатни и задолжителни по закон, има училишта во кои нема ни основни материјали и просторни услови.

На прес-конференцијата Мемети посочи дека институцијата Народен правобранител е финансиски зависна, па така се чека на Министерството за финансии за одобрување за вработување на неколку лица. - Поради тоа институцијата работи со намален капацитет, па затоа и опаѓа квалитетот на стручноста при истражување на постапките, вели народниот правобранител.

Во извештајот се посочува и на големиот број претставки што се однесуваат на изборите, имајќи предвид дека минатата година беше изборна. Омбудсманот забележал дека има проблеми во изборната регулатива и дека ДИК не успеала навремено да ги ажурира податоците на Избирачкиот список.

Според Мемети, МВР и понатаму е институцијата која најмногу не постапува по забелешките на правобранителот, односно, како што вели, „од МВР праќаат само формални одговори“.

Народниот правобранител рече дека отворил постапка по сопствена иницијатива за случајот прислушување, а се водат и неколку постапки, откако граѓаните го побарале тоа од правобранителот. Мемети упатил писма до Јавното обвинителство, УБК, Агенцијата за електронски комуникации, до Собранието, во кои писма бара одговори на голем број на прашања поврзани со тој случај, кој давал наредби, кој вршел контрола, дали службениците кои ги следеле комуникациите постапувале по закон, но се уште немало одговор од овие институции.

Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето, почитувањето, унапредувањето и заштитата на човековите слободи и права во 2014 година Народниот правобранител го доставил со Собранието на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...