Буралиева побара оставки од Јанкулоска, Јанакиески и Канческа Милевска

Скопје, 26 март 2015 (МИА) - Многу побројни се оние кои и веруваат на Владата, кои се задоволни и од работата на Владата и од мојата работа како министер за внатрешни работи, а во една демократска средина победува оној кој има поголема поддршка. Се додека ја имаме поддршката од граѓаните и можеме да ги реализираме проектите за кои ни ја дале довербата наша обврска е да го испорачаме она што сме го ветиле на изборите. 

Ова го изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на прашањето кога ќе поднесе оставка поставено од пратеничката Љубица Буралиева на денешната собраниска седница. Буралиева побара одговорност и оставки и од министрите за транспорт и врски и за култура, Миле Јанакиески и Елизабета Канчевска Милеска. Буралиева рече дека оставките ги бара повеќе од морални причини по случајот со прислушувањето.   

- Госпоѓата Љубица Буралиева со своето политичко дејствување покажа дека оние кои се избрани од народот треба да му служат на народот односно да не ги изневерат очекувањата на тие кои ги пдодржале. Јас навистина го поздравувам нејзиниот чекор што во една ситуација кога беше под огромен притисок од страна на нејзината сега веќе поранешна партија, таа одлучи, сепак, да постапи онака како што тие кои и ја дале довербата побараа од неа, односно, да учествува во работата на Законодавниот дом, изјави Јанкулоска.

Министерката рече дека не се сомнева оти можеби кај неа се обратиле граѓани кои имаат забелешки на нејзината и на работата на Владата предводена од ова парламентарно мнозинство, меѓутоа многу побројни се оние кои и веруваат на Владата и кои се задоволни и од работата на Владата и од нејзината работа како министер за внатрешни работи.

- Во една демократска средина победува оној кој има поголема поддршка. Се додека ја имаме поддршката од граѓаните, се додека можеме да ги реализираме проектите за кои ни ја дале довербата наша обврска е да го испорачаме она што сме го ветиле на изборите. Онака како што вие седите во паралментарните клупи и настојувате да не ја изневерите довербата на оние кои ве поддржале, истото го правам и јас. Граѓаните кои мене ме поддржале се огромно мнозинство во однос на оние помалубројните кои можеби доаѓаат кај вас со одредени забелешки, рече Јанкулоска.

Министерката за култура Канческа Милевска рече дека е многу горда на сето она што е направено во културата во Македонија.  

- Министерството за култура во однос на сите инвестиции што ги реализираше ги има испочитувано сите законски процедури. Верувам дека се сеќавате на објавените меѓународни конкурси за идејни решенија, учеството на голем број меѓународни архитекти, изборот на идејните решенија, така да како што кажав на почетокот и на крај истото ќе го потенцирам горда сум на сите успеси, на сите резултати коишто сме ги реализирале, изјави Канческа Милевска. 

Во претходниот период партијата на пратеничката, додаде Канческа Милевска, немаше никакво чувство за културните и уметничките вредности на нашата држава. Изрази благодарност до Владата и до премиерот за силната поддршка во сите вложувања во областа на културата и уметноста.

- Незнам зошто пратеничката Буралиева не е горда на уметничките вредности на сопствената држава, културните вредности коишто треба сите заеднички да ги почитуваме. Сепак, ќе кажам проектите се реализираат, многу е направено и бројките и фактите говорат за  сето тоа. Сите оние успеси на нашите уметниците, на нашите институции што ги реализираат и во домашни и во светски рамки се исто така видливи и ние како Министерство за култура како и досега и во иднина ќе даваме и како Влада сериозна и голема поддршка на нашите уметници, на нашата култура и пред се во почитувањето на културните на уметничките вредности, изјави Канческа Милевска.

Буралиева рече дека министерот Јанакиески, меѓу другото, треба да понесе одговорност и за случувањата во јавниот сервис МРТ и побара оставка од него.

Министерот за транспорт и врски Јанакиески рече дека Министерството не е надлежно за МРТ туку дека од 2011 година тоа е Министерството за информатичко општество и администрација. 

- Прашањето требаше да го упатите до министерот Иво Ивановски, посочи Јанакиески притоа не одговарајќи дали ќе поднесе оставка на својата функција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...