Поради долг кон ЕВН исклучени неколку објекти на кумановски „Водовод"

Куманово, 26 март 2015 (МИА) - Управната зграда на ЈП Водовод“, резервоарите за вода лоцирани во населбите „Карпош“ и улицата „Бајрам Шабан“ и уште неколку згради сопственост на претпријатието се без електрична енергија поради дог кон ЕВН во висина од 60 милиони денари.
 
Директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски информира дека засега водоснабдувањето на градот се одвива без проблеми, бидејќи, како што рече, од менаџерскиот тим, вклучени се пумпмите од Бедиње и Проевце од каде претпријатието добива доволна количина на вода за потребите на градот.
 
Тој додаде дека активирањето на алтернативните извори дополнително  финансиски го оптоваруваат  претпријатието.
 
- Се надеваме дека ќе имаме разбирање од ЕВН и дека ќе можеме да го подмириме долгот на максимум дозволениот број на рати кои ги нуди компанијата кон корисниците, согласно нашите можности. Сепак, мора да нагласам дека електричната енергија е неопходна за нормално функционирање на претпријатието, а со тоа и непречено водоснабдување за тие делови од градот, вели Стојковски.
 
Директорот на претпријатието вели дека се свесни за долгот што го имаат. Од 2010 до 2014 година, платени се 18 милиони денари кон ЕВН, а последнава година 9,5 милиони денари.
 
Портпаролот на ЕВН Атанас Ковачевски информираше дека компанијата отворена е за разговори и за изнаоѓање правилно решение, за како што вели, сите недоразбирања околу плаќањето на сметките на своите корисници, како и за оние кои, како што рече, се од интерес на поголем број граѓани, како што е овој случај.
 
- Но како за ова претпријатие, така и за сите корисници важат законските одредби и правилата за снабдување. Секој колку што има потрошено ќе треба да плати. Веќе подолг период разговарано е со ова претпријатие, ќе разговараме и понатаму да се надмине состојбата, но поголема одговорност кон сосстојбата би требало да имаат и првите луѓе на ова ЈП и другите надлежни за него, вели Ковачевски.
 
Додаде, дека ЕВН останува отворена за надминување на проблемот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...