Охрид ќе биде домаќин на Туристичкиот саем „Скопје Травел Маркет“

Охрид, 26 март 2015 (МИА) - Градот Охрид ќе биде домаќин на петтиот по ред Туристички саем „Скопје Травел Маркет“ што ќе се одржува од 7 до 9 мај. Тоа денеска беше договорено на средбата на градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески со претставници на Стопанската комора за туризам и на „Скопски саем“.

Бакрачески оцени дека манифестацијата ќе биде одлична можност за презентација на понудата на Охрид, како најголем и најразвиен туристички центар во Република Македонија.

- Ова е одлична можност за комплетна презентација на туристичка понуда на Охрид, пред учесниците и посетителите на овој голем меѓународен туристички саем, рече Бакрачески.

Тој додаде дека покрај претставувањето на понудите на поголемите хотелски и угостителски капацитети за претстојната туристичка сезона, како град домаќин, на саемот ќе има можност да се претстават и понудите на станоиздавачите од помал обем, занаетчиите, понудите од алтернативниот, пред се руралниот туризам и на другите чинители во оваа стопанска гранка.

Истовремено предвидено е на саемот да се афирмираат и стратегиите за продолжување на туристичката сезона, преку развој на посебни форми на културен, здраствен, спортски туризам.

Претседателот на Стопанската комора за туризам Лела Крстевска со оценка дека Охрид како најголем туристички центар во земјата заслужува што поголема промоција.

- Токму затоа наши експерти се вклучени во креирањето на пакети за туристи од прекуокеанските земји, во рамки на проект финансиран од ОЕЦД и Европската унија .Се надеваме дека во тие кружни европски тури Охрид ќе биде вклучен со едно или две ноќевања, рече Крстевска.


Организаторот на манифестацијата – „Скопски саем“ за презентација на градот домаќин обезбеди голем штанд, на централно место.

Валентина Димитрова од „Скопски саем“ смета дека тоа ќе биде исклучителна можност за покомплексна и шаренолика презентација на туристичката понуда на Охрид.

На саемското претставување во Скопје досега учество најавиле субјекти од областа на туризмот и угостителството од Турција, Србија и Црна Гора, а се очекува присуство и на претставници од уште десеттина држави од регионот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...