В недела понува летното сметање на времето

Скопје, 27 март 2015 (МИА) - Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, в недела во 2 часот наутро почнува летното сметање на времето што ќе трае до последната недела на октомври годинава.

В недела на 29 март, часовниците треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во два часот ќе се смета како три часот.

Преминувањето од зимско на летно сметање на времето и обратно првпат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа и сега се практикува во 70 земји.

Во западна Европа поместувањето на стрелките на часовникот е воведено на почетокот на 70-тите години на минатиот век со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се зголемува продуктивноста на работната сила, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден станува поефикасен. Во поранешна СФР Југославија, а со тоа и во Македонија, летното сметање на времето првпат е воведено на 27 март 1983 година. 

Летното сметање на времето ќе заврши во последната недела во октомври во три часот наутро.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...