Колоски во Конгресот побара да не се намалуваат средствата за американските медиуми и програми во Македонија

Вашингтон, 27 март 2015 (МИА) - Методија Колоски од Обединетата македонска дијаспора во четвртокот сведочеше пред Комитет на американскиот Конгрес, критикувајќи ги плановите на американската администрација за намалување на американските трошоци во Македонија, преку програмите како што се УСАИД и медиумските програми како Гласот на Америка и Радио Слободна Европа. Колоски, кој вели дека ова е првпат Американец со македонско потекло да биде поканет како сведок пред Конгресот, зборуваше пред Комисијата за јавни набавки на Претставничкиот дом на Конгресот, и во своето излагање истакна дека со предлог буџетот на претседателот Барак Обама за 2016 година, издвојувањето за Македонија ќе биде сведено на само 11,3 милиони долари. Колоски додаде дека оваа сума се намалила од 27,5 милиони долари во 2011 година, на сегашното ниво од околу 11,5 милиони долари, и се очекува дека ќе трпи дополнително намалување.

"Целта беше да се побара покачување на средствата за Македонија, не само за програмата Глас на Америка, програма која е е исклучително важна, која е еден вид на признавање на маекдонскиот јазик, македонскиот етнички идентитет и култура и многу е битно Гласот на Америка да продолжи да се емитува во Македонија и во останатите земји во регионот", изјави Колоски за Македонската Радио Телевизија, по неговото сведочење во Конгресот во четврток.

Пред конгресмените, Колоски ја истакна потребата од продолжување на американското државно медиумско присуство во Македонија, преку програмите Гласот на Америка и Радио Слободна Европа, во време кога на овие медиуми им се заканува укинување, а медиуми од други држави, како катарската Ал Џезира и руската телевизија РТ ја пополуваат празнината. "Во Македонија, 98 проценти од граѓаните наведуваат дека за нив телевизијата е главен извор на вести, и програмта на Гласот на Америка допира до 28,2 проценти од граѓаните, додека Радио Слободна Европа допира само до 4,6 проценти. Доколку САД ги укинат овие програми сега, америакнското влијание секако ќе се намали, во време кога американската 'мека моќ' веќе се соочува со драстичен пад на своето влијание", Колоски изјави пред комисијата на Конгресот.

Емитувачкиот одбор на управници (ББГ), органот на американската Администрација кој ги финансира Гласот на Америка и Радио Слободна Европа, повеќе пати најавуваше укинување на програмите на македонски јазик, како и на јазиците на другите балкански народи, поради тоа што овие медиумски програми се сметаат за проекти кои се потребни првенствено во кризни подрачја, а Балканот веќе не е на мапата на големите светски кризни жаришта. Но, и покрај овие неколкугодишни најави, програмите продолжуваат да функционираат.

Колоски воедно се заложи за зголемување на финансиите за програмите на агенцијата УСАИД, наведувајќи ја работата на оваа организација во правосудството, образованието, борбата против трговијата со луѓе, унапредување на земјоделствотом, интеграцијата на Ромите и во други области.

Претседателот Обама го предложи својот буџет за 2016 година во февруари, во кој се предвидени и натамошните кратења за македонските програми, но поради длабоката политичка поделба во Вашингтон, овој буџет нема реални шанси да биде изгласан во Конгресот, каде Републиканската партија има мнозинство. Но, според Колоски, загрижувачки е тоа што тенденцијата во Вашингтон е да се бара намалување на финансиските средства за македонските програми.

"Добивме сознание дека ова е некакво бирократско решение донесено околку јануари годинава, од некој што нема никаква врска со Балканот, а одлучува каде да скратиме од буџетот и гледа дека Македонија напредува на некој начин. Но, ние напротив сметаме дека мора да постојат овие медиуми, гледаме што се случува во Македонија со политичката криза, и сметаме дека е потребно да постојат повеќе медиуми и да се продолжи работата која ја работеа и до сега", изјави Колоски за Македонската Телевизија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...