Изаири на конференција за климатски промени во Турција

Скопје, 27 март 2015 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска се обрати на состанокот на високи претставници на земјите членки на ЕКО Секретаријатот на балканските држави и на интернационалните организации, што се одржува во Сафранболу, Турција во рамките на ЕКО Конференцијата за климатски промени.

Изаири, соопшти ресорното Министертсво, ги презентирал досегашните и идни акции на Македонија за намалување на емисиите на стакленички гасови и за справување со климатските промени, што ги презема државата во пресрет на Парискиот климатски самит 2015 (СОР21).

- Посветеноста на Република Македонија на намалувањето на емисиите на стакленички гасови и забавувањето на глобалното затоплување е со различен интензитет во текот на изминатите години, истакнал Изаири.

Подготовките на Министерството за конференцијата во Париз се одвиваат на техничко ниво во партнерство со науката, изразено преку анализи на најизводливите, но во исто време и амбициозни национални контрибуции за ублажување на климатските промени.

- Ова се потпира на почитување на принципот на учество на јавноста и на сите засегнати страни. Согласно Програмата за работа на Владата на Република Македонија, предвидено е усвојување на т.н. политички документ кој ќе ја претставува нашата национална контрибуција во глобалните напори за ублажување на климатските промени. Ќе следи доставување на овој документ до Секретаријатот на Конвенцијата на ОН за климатски промени и Директоратот за клима на ЕУ, најдоцна до септември оваа година, посочил министерот.

Сите мерки поврзани со климатските промени, според него, треба да бидат насочени кон одржливиот развој како крајна дестинација.

- Затоа, нашите обврски треба да ги сфаќаме сериозно и да делуваме истовремено индивидуално и колективно, да планираме внимателно и да го одредиме најдобриот курс на делување за да ги намалиме емисиите и да се приспособиме кон климатските промени, со што ќе ги направиме нашите земји поотпорни во поглед на климата. Со оваа нова фаза во меѓународната соработка за климатските промени, треба да дадеме придонес преку остварување на акции што ќе резултираат со вистински намалувања на емисиите и соодветни мерки за приспособување и преку заедничка работа да достигнеме силна економска, одржлива и климатски флексибилна иднина, истакнал министерот Изаири.

Целта на состанокот е да се унапреди регионалната агенда за 21-та седница на Конференцијата на Страните (СОР) на рамковната Конвенцијата за климатски промени на Обединетите Нации, која треба да се одржи во декември 2015 година во Париз.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...