Заврши санацијата на мостот на Пчиња во Долно Коњаре

Скопје, 27 март 2015 (МИА) - Санацијата на мостот во село Долно Коњаре на регионалниот пат Р2136, делница Ржаничино – Долно Коњаре, општина Петровец, која отпочна на почетокот на месецов е завршена и мостот е ставен во функција, информира ЈП за државни патишта. 

Мостот беше оштетен минатиот месец од невремето кое ја зафати земјава и од безбедносни причини беше забранет за сообраќај за товарни возила со маса поголема од 7,5 тона, вклучувајќи ги и градските автобуси на ЈСП „Скопје“.

- Од страна на Јавното претпријатие за државни патишта, веднаш по оштетувањето беа преземени конкретни активности за надминување на состојбата, при што двете средишни столбни места кои беа предмет на санација, целосно се санирани и зајакнати. Освен санацијата во долниот дел од мостот околу двете столбни места извршена е регулација на коритото на реката Пчиња, посочуваат од Јавното претпријатие.

Оттаму нагласуваат дека санацијата е завршена за неполн месец од отпочнување на градежните работи, иако според договорот изведувачот имал рок до крајот на април и додаваат дека со тоа е овозможено нормализирање на сообраќајот на мостот и негово повторно ставање во функција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...