Потребна е уште поголема ефиканост за имплементацијата на пресудите на Европскиот суд за човекови права

Стразбур, 27 март 2015 (МИА) - Во Брисел заврши дводневната Конференција на високо ниво на Советот на Европа, посветена на имплементацијата на Европската конвенција за човекови права, на која учествуваше и делегација на Република Македонија предводена од заменик-министерот за правда Билјана Бришкоска-Бошковски, а во чиј состав се и амбасадорот на Република Македонија при Советот на Европа Петар Поп-Арсов и Владиниот застапник пред Судот за човекови права Костадин Богданов, јавува дописникот на МИА.

Министерската конференција претставуваше продолжение на повеќегодишниот процес за реформа на Европскиот суд за човекови права и воопшто за Европската конвенција за заштита на човековите права. Процесот започна во Интерлакен, продолжен во Измир и Брајтон, неговата цел е зголемување на ефикасноста во примената на Конвенцијата од страна на земјите-членки на Советот на Европа, ефикасноста на Европскиот суд за човекови права и следењето на начинот на кој се извршуваат пресудите на Судот од страна на Комитетот на министри на Советот на Европа, кој е всушност органот задолжен за надзор врз имплементацијата на пресудите.

Конференцијата заврши со усвојување на Декларација за споделената одговорност во имплементацијата на Конвенцијата за човекови права и основните слободи, а беше усвоен и Акциски план за примена на конкретни мерки во таа насока.

Во декларацијата се поздравуваат досегашните резuлтати од процесот на реформа на Европскиот суд за човекови права, посебно големотo намалување на бројот на предметите кои се наоѓаат пред судот од Стразбур, но сега според земјите члеkми на Советот на Европа потребни се додатни мерки за да се справи со другите проблеми, како предметите кои се со репетитивна, односно со истa содржинa како предмети за кои е донесена пресуда, што се должи најмногу поради нивното не спроведување на дело од земјите.

Во планот за акција е назначено меѓу другото дека извесен број на мерки треба да бидат преземени од Советот на Европа, Европскиот суд за човекови прав и националните власти за да се осигура и гарантира дека пресудите на Судот од Стразбур се ефикасно и целосно спорведувани.

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд во таа прилика изјави дека Европа има најдобар систем за меѓународна заштита на човековите права во светото, нешто на што ние треба да бидеме горди.

Во рамките на Конференцијата, заменик-министерот Бришкоска-Бошковски имаше свое излагање во кое ја реафирмира приврзаноста на Република Македонија кон Европската конвенција за човекови права како камен-темелник за заштитата на човековите права, унапредувањето на демократијата и владеењето на правото на Европскиот континент.

Македонија принципиелно се залага од самото прифаќање на Конвенцијата за целосна, ефикасна и брза имплементација на пресудите од страна на земјите-членки, при што беа подвлечени напорите кои Република Македонија ги вложува на овој план.

На конференцијата во Брисел, македонската делегација, ја истакна и подготвеноста да се даде активен придонес во имплементацијата на мерките на национално ниво кои ќе бидат договорени на Конференцијата, меѓу другото, за подобрување на информираноста на јавноста за заштитата која ја овозможува Конвенцијата, за зголемување на обуките за судиите, обвинителите и правниците во таа насока, како и за подвлекување на значењето на Конвенцијата во релевантните наставни програми и програми за обука.

Република Македонија ќе се залага и за подобрување на дијалогот со Комитетот на министри, преку поднесување на акциски планови и извештаи и примена на ефикасни правни лекови за имплементација на пресудите.

Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права имаат споделена одговорност за да се грижат за ефикасното и постојано функционирањето на заштитата на околу 820 милиони лица опфатени со Европската конвенција за човекови права на нашиот континент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...