Три нови дигитални рендген апарати во болницата „Св. Наум Охридски“

Скопје, 28 март 2015 (МИА) - Побрз проток на пациенти, помало зрачење, подобра и побрза дијагностика и заштеди ќе овозможат трите нови дигитални рендген апарати кои се монтирани и ставени во функција на Специјалната болница за хируршки болести "Св. Наум Охридски" во Скопје.

- Еден од трите апарати замени апарат кој бил инсталиран во 1962 година, кој беше аналоген и кој предизвикуваше многу трошоци и многу неизвесности. Новите апарати се со помало зрачење, можност за снимање на резултатите на ЦД што е од исклучително значење бидејќи може дигитално да се обработува сликата, со што ќе има подобра можност за анализа на резултатите од страна на докторите, а исто така носат и сериозна заштеда, од околу 7 милиони денари годишно за оваа здравствена установа, изјави министерот за здравство Никола Тодоров по посетата на оваа болница. 

Директорката на „Св. Наум Охридски Јасминка Чабуковска посочи дека основни предности на апаратите се намалување на дозата на зрачење, што овозможуваат пост процесинг или дополнително обработка на сликите со зумирање, истакнување на маргини, контрастност, но како што истакна и тоа што овозможува да се архивираат голем број слики што порано не било можно.

- Покрај дигиталните апарати добивме и една систем архива која значи дека сите колеги во своите оддели ќе можат да ги гледаат истовремено сликите кои се работат на рендген, а и радиолошко информатички систем кој ќе придонесе за зголемување на квалитетот за поставување на точна и сигурна дијагноза, рече таа.

Додаде дека се намалува времето од сликање до добивање на сликата. Со дигиталните апарати, рече времето од експозиција до добивање на слика изнесува 4 до 5 секунди што, како што посочи, е многу побрзо од претходното добивање слики и ќе овозможи зголемен проток на пациенти.

Вредноста на овие три дигитални апарати изнесува околу 26 милиони денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...