Отворен Државниот натпревар по информатика

Скопје, 28 март 2015 (МИА) - Во просториите на ФИНКИ при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје денеска во организација на Здружението на информатичари на Македонија и Агенцијата за млади и спорт беше отворен  Државниот натпревар по информатика за ученици од основни и средни училишта во Македонија.
 
На отворањето свое излагање имаа претседателот на ЗИМ Миле Јованов, генералниот менаџер на СЕМОС Валентина Тасева, продеканот на ФИНКИ, како и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
 
- Овој проект е дел од напорите на Агенцијата за млади и спорт за поттикнување и охрабрување на младите луѓе да го покажат и развиваат својот талент, но истовремено и можност да ги стимулираме младите средношколци за продолжување на своето образование на техничките науки, потенцираше Спасески.
 
Најдобрите млади програмери, од страна на ФИНКИ, ќе добијат стипендии за бесплатно студирање на факултетот, а од страна на Агенцијата за млади и спорт ќе им бидат доделени награди во техничка опрема која ќе им помогне во нивната натамошна професионална надградба. 
 
Дополнителен мотив е учеството на најдобрите на Македонската олимпијада, која, пак, ќе го трасира патот до Светската олимпијада во Киргистан најавена за јули годинава.
 
Натпреварот е организиран во рамки на проектот „Најдобар млад програмер“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...