Груевски:Македонија е многу повеќе од конструирани прес-конференции на СДСМ, Македонија е народот

Штип, 29 март 2015 (МИА) - Трета недела по ред одиме на вакви собири, а во меѓувреме нашите партиски структури и истакнати личности ја крстосуваат Македонија, одат од врата на врата, од село во село, од град во град, одат со нашите аргументи, со нашите позиции, со нашите идеи и визии, со нашите дела, со нашата вистина, затоа што вистината не е монопол на еден залутан тип во политиката како што е тој од СДСМ, туку вистината се идеите, принципите, вредностите во кои веруваш и за кои се бориш. 

Ова го нагласи премиерот и лидер на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски на денешниот народен собир во Штип, пред големиот број присутни граѓани од Карбинци, Лозово, Пробиштип,Св.Николе, Делчево,Кочани, Виница, Пехчево, Берово, Каменица  и другите населени места од овој регион.

- Вистината не може да е креирана и базирана на лаги, местенки и монтажи, сценарио кое за нарачателите има цел дестабилзиација,  а за извшителите да се доберат до власт која народот на избори одбива да им ја даде. Вистината, не е ако некој на сила сака да спроведе туѓа агенда и да сее зла крв, провокации, гнев насекаде. Тоа може да  е само вистина за неговата личност и состојба на дух и ништо друго, и ништо повеќе, рече Груевски.

Вистината е во нашиот народ, нагласи тој, во сите вас, кои во огромен број доаѓате на нашите настани, кои од секаде ширум нашата татковина ни ја давате вашата поддршка и ни велите гласно: Народот е Македонија! И ова нема да им успее на оние кои го смислија, народот го има крајниот збор, а не група на залутани и очајни политичари во опозицијата, кои немаат ронка доблест во себе туку газат по сопствената земја и народ!

- Македонија е на народот и никој нема им ја одземе на сила, со никакви сценарија! Македонија е силна, цврста, Македонија е многу повеќе од конструирани прес конференции на една опозициска партија, Македонија е повеќе од партиите, повеќе од политичарите, Македонија е нејзиниот народ и никој не смее да си игра со тоа!, истакна претседателот на ВМРО - ДПМНЕ.

Претходно, на присутните им се обрати вицепремиерот Владимир Пешевски кој меѓу другото порача дека ВМРО - ДПМНЕ и Владата ќе ја заджат стабилноста на земјата и ќе ги реализираат ветените проекти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...