Службеник во Градски гробишта во Охрид продавал гробни места, присвојувајќи ги парите

Охрид, 30 март 2015 (МИА) – Охридската полиција поднесе кривична пријава против лицето Н.С. (46) од Охрид, поради постоење основи за сомневање дека е сторител на кривични дела „проневера во службата“, „фалсификување службена исправа“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „комјутерска измама“.

Станува збор за службеник во охридското ЈП „Градски гробишта“ каде осомничениот во периодот од ноември 2011 до јануари 2013 година како надлежен за доделување и наплата на гробни места, измамил 13 граѓани кои сакале да купат гробни места.

Пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, свесно противправно присвоил пари доверени во службата од наплата на гробни места од тринаесет граѓани во вкупен износ од 352.153 денари. На сите тринaесет лица кои купиле гробни места пријавениот Н.С. им изготвувал писмени договори за купување, а примероците кои им ги издавал на странките, ги заверил со лажни потписи во делот кој се заверува со потпис од страна на директорот на јавното претпријатие. За да не бидат откриени фалсификатите, примероците од спорните договори што требало да бидат предадени во службите на јавното претпријатие, биле уништени и ги нема ниту во сметководство на ова претпријатие, ниту во архивата од договорите.

Пријавениот Н.С. доведувајќи ги во заблуда, успеал да наведе неколку граѓани да купат гробно место, составувал писмена изјава за промена на носител на право на употреба на гробно место и во комјутерската евиденција на ЈП „Градски гробишта“ внесувал нови лица како старатели без да постои соодветен писмен договор или друг правен основ за стекнување со права на конкретното гробно место.

Тој примил пари во готово и со свој ракопис составил писмена потврда која заедно со примените пари никогаш не ги предал во службата. Парите за наведеното гробно место ги присвојувал и врз основа на лажна изјава вршел промена на податоците во комјутерскиот систем, го бришел старателот-сопственикот на конкретното гробно место и на негово место внесувал други лица-сопственици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...