ЕУ е дел од решението, но и од проблемите во Македонија

Скопје, 30 март 2015 (МИА) - ЕУ не е само дел од решението, туку и дел од проблемот со кризата во Македонија, истакна денеска во Скопје Флоријан Бибер, директор на Студиите за ЈИЕ на Универзитетот во Грац, Австрија.

- Македонската криза е само рефлексија на кризата во ЕУ. Унијата има проблем со легитимитетот во Македонија и не е конструктивен партнер. ЕУ не е само дел од решението, туку и дел од проблемот. Големата криза е предизвикана од немање интерес во ЕУ за проширувањето. Три четвртини од населението во Унијата е против проширувањето што е поврзано секако и со економската криза. Поради тоа, на грчкото вето беше гледано со благонаклоност од земјите на ЕУ, рече Бибер.

Според него, тоа е причината што се менува целосната слика за демократијата и има назадување во регионот. Тој смета и дека одлуката на Грција за блокадата на почетокот на преговорите со ЕУ во 2009 година и пристапувањето во НАТО една година претходно беше стратегиска грешка, а последиците од немањето интерес за Македонија се гледаат денес шест-седум години подоцна.

Вицепремиерот за ЕУ-интеграции Фатмир Бесими упати апел до политичките партии денеска во Брисел да дадат се од себе за да се воспостави дијалог во Македонија што е важно за нејзината иднина.

- Рокот за зачувување на препораката со надминување на кризата и воспоставување дијалог „беше вчера“. Препораката треба секоја година да се заработи, сите сценарија се отворени и тоа зависи од нас колку ќе покажеме капацитет за да ја одржиме препораката и да почнеме со официјалните преговори. Исклучително важно е Македонија да покаже капацитет за надминување на состојбата, рече Бесими.

Никола Димитров, поранешен заменик министер за надворешни работи и амбасадор, вели дека е ЕУ има морална одговорност за ситуацијата во Македонија.

- Да не бевме толку години оставени на милост и немилост на Грција немаше да бидеме на ова дереџе, вели Димитров.

Според него, како што не беше коректно да не држи пред затворени врати поради Грција, така не е коректно да се тврди дека ситуацијата може да се реши со политички компромис. Тој денешниот состанок во Брисел го оценува како тест на ЕУ да види што понатаму и смета оти новата препорака ќе изостане доколку оваа ситуација продолжи.

Поранешниот дипломат Ристо Никовски побара објективност и од власта и од опозицијата и да видат што може да се направи за да се забрзаат ЕУ-интеграциите. Ја обвини ЕУ за класична замена на тези по прашањето на добрососедството.

- Македонија се обвинува за лош сосед која е класична жртва на соседите. Кога ќе го ставиме сето тоа на маса не потценувајќи ги сопствените грешки мора да победи објективната вредност, а не нечии теснопартиски интереси, рече Никовски.

Денешната дебата  тема „ЕУ и актуелната политичка криза во Македонија - влијанија, инволвираност и перспективи“ ја организира Институтот за европски политики, а учествуваа претставници од цивилното општество, од дипломатскиот кор, претставници од власта, од политичките партии, како и од академската заедница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...