Изложба на уметнички дела од првиот конкурс за откуп

Скопје, 30 март 2015 (МИА) - Од денеска до 7 април во галеријата Чифте амам е отворена изложба на дела прифатени на првиот Конкурс на Министерството за култура за откуп на ликовни дела од областа на визуелните уметности за 2014 година.

На конкурсот пристигнале 605 дела од различни визуелни медиуми (слики, скулптури, објекти, инсталации и видеоинсталации) од сите генерации македонски уметници, а петчлената стручна комисија избрала  за откуп 64  дела.

По изложбата во Чифте амам, 21 дело ќе биде дел од збирката на Музејот на современата уметност (МСУ), 15 ќе ги добие Националната галерија на Македонија (НГМ), а некои од делата ќе бидат подарени во државни институции.

Отворајќи ја изложбата во Чифте амам, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека со избраните 64 дела ќе се дополнат фондовите на институциите од ликовната уметност со  дела на повеќе еминентни автори кои, како што рече,  со своето творештво оставиле траен белег во македонската ликовна уметност.

- Автори кои дадоа исклучителен, индивидуален придонес во развојот на ликовната уметност во Република Македонија, уметници кои учествувале на значајни манифестации во земјава и во странство, како и дела од помладата генерација уметници со истакнат ликовен израз за кои ова ќе биде значаен поттик во натамошното дефинирање на нивниот творечки идентитет, истакна Канческа-Милевска. 

Уверена е дека оваа стимулативна мерка ќе има долгорочни придобивки за македонската ликовна уметност. Пред еден месец завршил и вториот конкурс за откуп на ликовни дела од областа на визуелните уметности за 2015 година, а избраните повторно ќе бидат презентирани на изложба. 

Овој проект, кој е дел од Националната стратегија за културата 2013-2017, го поздравија првите луѓе на МСУ и НГМ - Елиза Шулевска и Маја Неделковска-Брзанова, и уметникот Данчо Ордев во име на Друштвото на ликовните уметници на Македонија-ДЛУМ. 

- Ова е пресек на ликовното творештво во Македонија - имаме од сите возрасти, од сите правци, од сите сензибилитети. Од изложбата се гледа дека комисијата имала критериум, зашто не видов творба со сомнителен карактер. Во име на уметниците, целосно ја поддржувам оваа акција, затоа што имаме вакуум од околу 20 години - во 1990-тите беа последните откупи. Во интерес е на самите автори, а особено во интерес на институциите на кои ќе им бидат дадени овие дела и тие ќе бидат национално творештво. Сите овие автори и дела ќе останат документ на времето, рече Ордев.

Директорките на МСУ и НГМ нагласија дека со конкурсите перманентно, а не инцидентно како досега, ќе бидат збогатувани нивните  колекции, дека се поттикнуваат уметниците да творат, се валоризира нивниот труд и нивните дела стануват подостапни и видливи за публиката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...