Честитка од Судскиот совет за Денот на правосудствотоСкопје, 30 март 2015 (МИА) - Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија Бранко Ушковски на сите судии и вработени во судството, на сите адвокати, нотари и извршители им го честита Денот на правосудството - 31 Март.
- Одбележувањето на Денот на правосудството нека даде поттик за зачувување и унапредување на високите вредности и одговорности на судиската функција во остварувањето на основните начела за независно судство, се вели во денешното соопштение од Судскиот совет.
|