Тројката европратеници се сретна со претставниците на СДСМ, во тек средбата со ВМРО-ДПМНЕ

Брисел, 30 март 2015 (МИА) - Претставниците на СДСМ, Радмила Шекеринска, Рената Треневска-Дескоска и Виктор Габер, предмалку ја завршија билатералната средба со европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Рочард Ховит, во рамки на дијалогот што со посредство на Европскиот парламент се води со претставници на ВМРО-ДПМНЕ во Брисел. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, иако беше првично предвидено состанокот на претставниците на СДСМ и европратениците да започне во 11:30 часот, тој беше пролонгиран за 45 минути поради доцнењето на европратеникот Кукан.

Па, така, предмалку заврши билатералката на македонските социјал-демократи со претставниците на ЕП, кои се набљудувани од двајца претставници на Европската комисија, но Шекеринска, Треневска-Дескоска и Габер одбија да дадат изјава за претставниците на македонските медиуми за тоа што се разговарало на првичната средба.

Билатерална средба со Вајгл, Кукан и Ховит во моментов одржуваат претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски. 

Според најавите, доколку европратениците и претставниците на Еврокомисијата, од билатералните средби со претставниците на двете македонски партии добијат впечаток дека има допирни точки за можен дијалог и договор, тогаш околу 15 часот се очекува да се одржи заедничка средба на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Без ралзика на денешниот исход на овие првични разговори, од Европарламентот најавуваат дека по Велигденските празници ќе се одржи нова средба со цел ставање крај на политичката криза во Македонија и враќање на СДСМ во Собранието.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...