Зголемен бројот на породувања на Клиниката за гинекологија и акушерство

Скопје, 30 март 2015 (МИА) - Сите трудници редовно да посетуваат матичен гинеколог да не дојде до раѓање деца со аномалии, порача денеска директoрката на Клниката за гинекологија и акушерство Марија Хаџи Лега.

Таа посочи дека пред околу шест месеци имале бизарен пример за раѓање плод со аномалии, затоа што пациентката претходно не се контролирала, односно ниту еднаш не посетила гинеколог.

- Плодот беше со аномалија на кожата, односно марморизирана кожа, дефект на коските на черепната шуплина и други аномалии, многу редок синдром, појасни Хаџи Лега.

Во изминатите три години од преселбата на Клиниката за гинекологија и акушерство во новиот објект, според неа, зголемен е бројот на породувања. Во 2007 година Клиниката имала 4.100 породувања, а изминатите две години по околу 6.000 породувања.

Во стариот објект во 2011 година биле извршени 54.352 прегледи и 3.334 оперативни зафати (713 енодоскопски и 2.621 останати), а во новиот објект во 2012 имаше 61.704 прегледи и 3.681 интевернции, во 2013 - 63.892 прегледи и 4.403 интервенции, додека лани прегледани се 66.098 пациентки и направени се 4.451 интервенции. Разликата е воочлива не само поради преселувањето, туку и поради инвестициите во апарати, инструменти и друга опрема, истакна Хаџи Лега.

Најмалото преживеано бебе е родено 750 грама во 26-тата недела, додека најтешкото бебе е родено 6.100 грама. Директорката посочи и дека највозрасната родилка била 52 годишна жена, која пред две години се породила на Клиниката, а забременила со инвитро фертилизација, додека најмладата пациентка била 15-тина години.

Во однос на новитетите на Клиниката, Хаџи Лега информира дека во областа на антенаталната грижа значително се унапредени феталните скрининзи, односно скрининзи во првиот и вториот триместар во текот на бременоста. Воведена е напредна фетална ехо кардиографија или скрининг за срцеви фетални аномалии и скрининг на предвремено породување во протоколите за антенатална грижа на трудниците.

Отворен е кабинет за кенгурирање кој се наоѓа во просторија до одделението за интензивна нега и терапија и им дава можност на идните родители да остварат непосреден контакт со своето предвремено родено дете.

- Кенгурирањето е заштита на недоносените деца преку воспоставување контакт кожа на кожа со мајката и со таткото. Оваа нежна метода ги смирува и зближува родителите и новороденчето и на тој начин го олеснува надминуавњето на стресот и чувството на бесполезност на родителите чии новороденчиња се наоѓаат на одделението за интензивна нега, појасни Хаџи Лега.

Потсети на отворањето на лактариумот каде мајките одмолзуваат млеко, кое им се дава на предвремено родените бебиња, а успешно била изведена и метода на амбдоменален серклаж. 

Со преселбата во новата зграда, според директорката, реактивирана е лабораторијата за ин витро фертилизација и отворена е нова петта операциска сала само за лапароскопска хирургија, која е опремена со најсовремена апаратура и воведени се оперативни методи како што се тотална лапараскопска хистеректомија, а во тек е едукација на кадар со што ќе се овозможи радикална лапараскопска хистеректомија. Воведена е и 3Д методата во лапараскопијата.

- ГАК во моментот претставува една од најмодерните јавни здравствени установи во земјава. Со изградбата на новиот објект се овозможи најсовремен третман на македонската жена, како во поглед на хоспитализацијата, така и за примена на најсовремени терапевтски дијагностички процедури, заклучи директорката Хаџи Лега.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...