Управувањето со води и изградба на пречистителни станици приоритет во екологијата

Скопје, 30 март 2015 (МИА) - Управувањето со води и изградбата на пречистителни станици се најголем приоритет на Министерството за животна средина и просторно планирање за наредниот период покажа проектот „Управување со процесот на пристапување кон ЕУ за секторот животна средина“. 

На завршната конференција од овој проект што денеска се одржа во Скопје ресорниот министер Нурхан Изаири истакна дека е подготвена анализа на недостатоците и се идентификувани потребите од техничка помош во секторот животна средина и климатски акции, а резултатите се сумирани во документот насловен „Анализа на потребите за помош за пристапување кон ЕУ“.

Според тоа, потребно е изградба на пречистителна станица за секое населено место со над 2.000 жители, а голем дел од средствата во областа на животната средина треба да се издвојат и за изградба на депонии за отпад.

- Документот ги идентификува потребите кои ќе бидат поддржани преку помошта на ЕУ обезбедена преку Инструментот за претпристапна помош за планирачкиот период 2014-2020 година, како и потребите за кои е неопходна помош од други донатори, а истовремено претставува и патоказ за акциите што треба да се преземат во иднина при спроведувањето на законодавството, рече Изаири.

Британскиот амбасадор во Македонија Едмунд Чарлс Гарет изрази надеж дека по овој проект, кој траеше две години, МЖСПП е охрабрено и засиленео за да може полесно да се справи со прашањата поврзани со националното и европското законодавство во делот на животната средина. 

Проектот беше поддржан од Британската амбасада, а спроведуван од Меѓународна менаџмент група.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...