Се менува парадигмата во односите Македонија – Грција

Скопје, 30 март 2015 (МИА) - Имаме нова реалност во односите со Грција. На политичката сцена прв пат имаме политичари кои не се обременети со наследството од Студената војна и Граѓанската војна во Грција, истакна македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју за телевизија Сител, прашан за македонско-грчките односи, во контекст на проблемот со името.

- Прашањето што го отворате за името со соседна Грција, на некој начин, е влезено во поинаква фаза. Имаме нова реалност. Прв пат на политичка сцена во Грција имаме политичари кои не се обременети со наследството од Студената војна и особено од Граѓанската војна во Грција. Се менува парадигмата. И тие и ние стануваме свесни која штета ја трпиме од овој спор. И стануваат свесни одредени субјекти со кои имаме контакти дека и ние и Грција сме влезени во туѓа игра и дека штетите ги трпиме ние. Со тек на време некој ја создал претставата дека е наша игра. Не. Напротив. И Грција и ние сме вовлечени во една туѓа игра, во која што интересите ги имаат другите, а ние ја имаме само штетата. Така што оваа млада гарнитура, без разлика колку ќе опстои ги отвора и другите прашања на проблемот со името со кое ќе се соочуваме ние, и граѓаните и бизнисмените и сите оние кои до сега трпат само штета. Нема никаква корист. И тоа е штета и за нас, но и за самата Грција, по угледот, угледот што и е нарушен по однос на сите овие случувања во однос на името. Така што верувам дека ќе има поинаков тек и нема да робуваме на сето она што до сега беше поврзано со проблемот со името, рече Иванов.

Прашан за коментар дека самиот чин на објавување на овие материјали коинцидираат со формирањето на новата Влада во Грција и честото спомнување на странски служби од повеќе земји, меѓу кои и од оваа земја, македонскиот претседател со одговор: „Има многу совпаѓања, но врз основа на тоа не можеме да извлекуваме заклучоци“.

- Ќе се јават и многу конспиративни теории и многу мислења од разни самоповикани аналитичари. Ние едноставно треба да го следиме оној тек кој си го имаме предвидено со Уставот и законите и позитивните искуства во вакви случаи, додаде претседателот Иванов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...