Незири на Годишен инвестициски состанок во Дубаи

Скопје, 31 март 2015 (МИА) - Министерот за економија Беким Незири, на покана од неговиот колега од Обединетите Арапски Емирати, Султан бин Саед Ал Мансури, учествува на 5. Годишен инвестициски состанок на тема  „Одржлив развој преку СДИ - Индуциран трансфер на иновации и технологија“, што се одржува во Дубаи. 

Овој инвестициски состанок, што се одржува под патронат на шеикот Мохамед Бин Рашид Ал Мактум, заменик претседател на ОАЕ, премиер и владетел на Дубаи, претставува водечки глобален Форум за инвестиции и стратешко вмрежување.

Неговата мисија е да обезбеди најдобра платформа за земјите да учат, да се состануваат, вмрежуваат, разменуваат искуства и да ги промовираат своите инвестициски можности на корпорацискиот свет, преку олеснување на инвестициските односи и градење мрежи со брзо растечките пазари.

Инвестицискиот состанок е можност на едно место да се соберат водечките светски академици, експерти, политичари и практичари за да дебатираат за важноста на иновативната активност, во насока на растот и развојот, за влијанието на странските вложувања врз одржливиот економски раст, преку трансфер на технологии и поддршка на политиката на вложување, кои се неопходни за привлекување и задржување на инвестициите, како и за интернационализацијата на истражувачките и развојните дејности на транснационалните корпорации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...