Факултетот за ликовни уметности ќе одбележи 35 години постоење

Скопје, 31 март 2015 (МИА) - Факултетот за ликовни уметности - Скопје вечер во Галеријата на ФЛУ (објект Педагошки факултет) ќе одбележи 35 години од основањето. 

Воедно ќе биде отворена и групната изложба „4х4”, на која со свои дела ќе учествувaат 16 млади македонски автори, поранешни студенти на факултетот: Александар Зафировски, Теа Јовановска, Дарко Заревски, Душица Степаноска, Ана Јовановска, Ертунч Сали, Ивана Настески, Милан Костадиновски, Софија Грабуловска, Андреј Миновски, Дејан Спасовиќ, Уметничка група „ЅЕЕ”, Христина Стојчевска, Енвер Селими, Славчо Спировски и Методи Исков.

По повод 35-годишниот јубилеј Факултетот издаде публикација.

Факултетот за ликовни уметности, како членка на УКИМ, е формиран со oдлука на Собранието на поранешната Општа заедница за насочено образование, на 31 март 1980 година.

Наставата за четиригодишните студии на ФЛУ се организира според системот европски кредит-трансфер систем (ЕКТС) на четири катедри: Сликарство, Вајарство, Графика и Ликовна педагогија. Покрај матичните стручни предмети, се изведува и насочена настава по реставрација и конзервација, графички дизајн и театарска, филмска и телевизиска сценографија.

Од 1996 година, Факултетот организира и студии од втор циклус, постдипломски студии по областите: Сликарство, Вајарство и Графика. Од 2010 година се организираат студии и од областа на реставрација и конзервација на движни и недвижни артефакти. Практичниот дел од наставата денес функцио­нира во три различни објекти во гра­дот: во кул­тур­но-историскиот споме­ник Сули-ан, лоциран во Старата скопска чаршија, потоа во дел од Педагошкиот факултет „Св.Климент Охридски“ и во посебниот објект, Ва­јар­ски ателјеа, кој се наоѓа во дворот на Педагошкиот факултет.

Наставниот процес по матичните стручни предмети го изведуваа(т) најеми­нен­тните ликовни уметници (сликари, вајари и графичари) од Македонија, вкупно 41 наставник, еден асистент и двајца стручни соработници.

Неодамна починатиот скулптор, Петар Хаџи Бошков, почесен член на Македонската академија на науките и уметностите, беше еден од основоположниците и прв декан на Факултетот за ликовна уметност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...