Координирано делување за заштита на шумите, заклучија надлежните институции во Куманово

Куманово,31 март 2015 (МИА) - Институциите треба заеднички и координирано да делуваат за да се зачува шумското богаство во Куманово, е заклучокот од денешниот состанок на надлежните државни и општински институции, што се одржа во кумановската подружница на ЈП „Македонски Шуми“.
 
Преставници од граничната полиција, од СВР, од шумската полиција, од „Македонски Шуми“, од локалните самоуправи на Куманово, Липково и Старо Нагоричане, РЦУК, ТППЕ и претставници од други институции разговараа за мерките кои ќе ги преземат за периодот кој следи, како во насока на зачувување на шумското богаство од спречување на нелегална сеча, така и од шумските пожари.
 
Директорот на кумановската подружница на ЈП „Македонски Шуми“, Ваит Саити, потенцира дека состанокот има цел да ги координира институциите и да ги подготви за престојниот период од пролет до есен, за евентуалните проблеми, на кои заеднички работат повеќе институции.
 
- Имавме успешна соработка со редовната, граничната и шумската полиција. Лани, незаконската сеча беше прилично намалена во однос на претходните години, рече Саити и додаде оти во расадникот има над 100 запленети,товарни, лесни моторни возила и трактори.
 
Според помошник директор за заштита од ЈП „Македонски шуми“,Горан Стојковски, резултатите од координираното дејствување на институциите се гледаат на терен. 
 
- Причина повеќе за овој состанок се и последните измени на Законот за шуми, од октомви 2014-та година. „Македонски шуми“ овластена е да организира своја шумочуварска служба и да учествува во чувањето на шумите со реонско чување, додека шумската полиција го задржува патролното чување на шумите, појасни Стојковски. 
 
Од летото 2014 година до моментов, подвлече тој, резултатите се видливи и преку поднесени пријави против сторителите на нелегални активности и кон запленетите дрва и средства со кои се вршел нелегалниот транспорт. 
 
Претставници на надлежните институции се подготвуваа и заштита од шумските пожари, токму во периодот кој следи.
 
И од Регионалниот центар за управување со кризи и од ТППЕ информираат дека намалена е бројката на пожари на отворен простор.
 
Горан Стојановски од РЦУК информираше дека на овој состанок се бараат модули како да се спречат пожарите на отворен простор.

 
Од ТППЕ информираат дека бројката на пожари во изминатиот период, годишно постојано се намалува.
 
- За 25 проценти лани, намалена е бројката на пожари во однос на претходните години, изјави командирот на ТППЕ,Дејан Илиевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...