Собранието поддржа повеќе законски измени во прво читање

Скопје, 31 март 2015 (МИА) - Републичкото Собрание, денеска,  на перодолжение на 41. седница, ги поддржа предлог-законите за изменување и дополнување на законите за игри на среќа и за забавни игри, за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост и за здравственото осигурување, сите во прво читање.

- Со цел заштита на малолетни лица од штетното влијание од игрите на среќа со измените се воведува обврска за приредувачите на игри на среќа во влезот на деловниот простор да постават натпис со содржина за забрана на влез на лица под 18 години,  рече во образложението на измените на Законот за игри на среќа и за забавни игри,  заменик министерот за финансии Ардиан Џеладини.  

Со предложените законски измени се засилуваат овластувањата на Управата за јавни приходи, како инспекциски орган кој го врши надзорот врз приредувањето на игрите на среќа, да може во секое време, при надзор, да врши проверка во документацијата со која се докажува возраста на затекнатите лица во просториите каде што се приредуваат игрите на среќа. Доколку правното лице овозможи влез и учество во игри на среќа на лица под 18 години, се предлага да се воведе глоба од 5.000 евра. Ако делото се повтори во рок од две години, да се се изрече и прекршочна санкција привремена забрана за вршење одделна дејност во траење од шест месеци до две години.

Со Предлог-законот се дава можност за релиценцирање на приредувачите на игрите на среќа на кои им е издадена лиценца за приредување игри на среќа, односно да можат пред истекот на рокот на важноста на постојната лиценца да поднесат барање за нова лиценца, доколку ги имаат подмирено за плаќање пристигнатите надоместоци и рати за лиценца.

Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓи Коџобашиев, во делот на условите за добивање лиценца за приредување игри на среќа се предлага трговското друштво кое поднесува барање за издавање лиценца до Министерството за финансии да достави потврда дека нема блокирано трансакциска сметка во банка во моментот на поднесување на барањето. Исто така, се воведува услов трговското друштво кое поднесува барање за издавање на лиценца да достави потврда дека ги има подмирено јавните давачки по основ на даноци, царини и придонеси за задолжително социјално осигурување. Се воведува основ да може Министерството за финансии да одлучува за промена и на видот на автоматите и масите за игри на среќа во казино и автомат клуб и се дава право на Министерството за финансии да не издава решенија и дозволи за приредување игри на среќа и забавни игри, доколку подносителите на барањата до месецот во кој го имаат поднесено барањето  ги немаат подмирено јавните давачки по основ на даноци, царини и придонеси за задолжително социјално осигурување, појасни Коџобашеив. 

Со Предлог законот за изменување на Законот за продажба на земјоделското  земјиште во државна сопственост, пак, треба да се овозможи да се донесе програма за продажба на земјоделско земјиште за тековната година и ќе се создаде перцеопција за пазарната цена.  - Се предлага програмата за 2015 да биде донесена во рок од 30 дена од стапување во сила на Законот. Во тој рок треба да се достави програмата со предлог список на индикации за парцели кои ќе бидат предмет и предлог на продажбата по пат  на електронска аукција. Рокот на јавен увид треба да биде 10 дена, а за приговор пет дена, појасни Ванчо Костадиновски, заменик-министер за земјоделство. 

Со предложените измени на Законот за здравствено осигурување, се предвидува утврдениот надомест на плата во случај на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство, да се исплаќа и во случај на прекин на работниот однос, односно да се исплатува за временскиот период утврден со прописите од областа на работните односи. Се предвидува и исплата на надомест на плата и во случаи кога придонесот за задолжително здравствено осигурување не се уплатува односно се уплатува со задоцнување. 

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека со законските измени ќе се елиминираат неправдите и нелогичностите за осигурениците и при породилно отсуство ќе има загарантирана исплата на боледувањето девет месеци. 

- Измените ќе овозможат побрза исплата на надоместоците и олеснување на процедурата за пријавување на породилното отсуство. Ненавременото доставување на барањата од страна на фирмите и ненавремената исплата или пак на ненавременото докомплетирање на документите беа причина за доцнење на исплата на породилното отсуство во изминатиот период, наведе Весна Пемова од ВМРО-ДПМНЕ. 

На денешната седница на Собранието беше изгласан Законот за изменување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, со кој се пролонгира рокот за почнување со примена на одредбите кои се однесуваат на набавката и продажбата на  недвижни и движни ствари од 1 април на 1 мај годинава. 

Според пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благородна Бојаџиева, со пролонгирањето ќе се овозможи сите почнати постапки за продажба и давање во закуп на недвижни и движни ствари да се се завршат  по постојните одредби од Законот за користење и располагање со стварите на државните органи.

Собранието ја почна и расправата за Предлог  законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет, со кој, според ресорниот министер Аднан Јашари, треба да се зголемат капацитетот на судскиот совет и на судството. 

- Врз основа на препораките и извештајот од ЕК бевме обврзани да предвидиме измени во насока на зголемување на професионалноста на членовите на судскиот совет. Бараме да се зголемат предусловите за избор без оглед на тоа што се работи за членови од редовите на судиите или надвор од судството, рече Јашари. 

Со законот се предвидува мандатот на претседателот на Советот да трае три години, со право на повторен избор.   Се врши редефинирање на условите за избор на член на Судскиот совет од редот на судиите, потоа за избор на член на Советот по предлог на Собранието на Република Македонија, како и за избор на член на Советоот по предлог на Претседателот на Република Македонија. Се предлага и уредување на одредбите во однос на спроведувањето на психолошкиот тест и тестот за интегритет, а Судскиот именик од Министерството за правда да премине во надлежност на Судскиот совет на Република Македонија.

Се предлага и редовно и вонредно оценување на судиите. Редовното оценување на судиите терба да се врши еднаш на две години заклучно со крајот на март претходната година, додека вонредното оценување на судиите се врши по оцена на Советот, при избор на судија во повисок суд или за избор на претседател на суд по барање на Советот за уврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на судија. 

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ рече дека нема да гласа за законот, затоа што, според неа, се потребни повисоки критериуми за избор на кадри во врвовите на судската власт. 

- Има сериозни проблеми кои бараат длабинска и искрена анализа и повисоки критериуми за избор во највисоките редови на судската власт. Веќе не се проблем само законите, туку критериумите за избор на кадри во врвовите на судската власт,  наведе Поповска. 

Расправата  во Собранието треба да продолжи по редовната пауза на пратениците. На дневен ред на седницата се и предлог-законите за јавнообвинителска служба и за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, во прво читање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...