Постигнат договор со средношколците

математиката нема да е задолжителна за полагање

Скопје, 31 март 2015 (МИА) - Предметот математика да не биде задолжителен за сите ученици во средните училишта, туку само за учениците кои се запишани во гимназиско образование и кои на крајот од втората, односно почеток на третата година од средното образование, го одбрале природно - математичкото подрачје.

Ова е договорено на денешната средба на претставници на Унијата на средношколците со раководството на Министерството за образование и наука поврзана со последните измени во процесот на полагањето на државната матура, како процес на верификација на стекнатото знаење во средното образование и предуслов за продолжување во високо образование.

- По подолга дебата, се постигна согласност предметот математика да не биде задолжителен за сите ученици во средните училишта, туку само за учениците кои се запишани во гимназиско образование и кои на крајот од втората, односно почеток на третата година од средното образование, го одбрале природно - математичкото подрачје. За гимназијалците коишто го одбрале општествено - хуманистичкото подрачје, како и за сите ученици од средните стручни училишта, математиката ќе биде предмет со можност за избор, покрај странскиот јазик, односно ќе се полага само доколку ученикот го одбере, согласно личната волја, убедување и афинитети. За гимназијалците коишто го одбрале јазично - уметничкото подрачје, задолжителни предмети ќе бидат мајчиниот и странскиот јазик, се вели во соопштението од МОН.

На средбата, како што се наведува, се постигна и согласност, според која Министерството во следниот период ќе достави писмо до сите факултети од областа на техничките науки, со кое ќе им препорача, приоритет во уписните политики, односно селекцијата, да имаат кандидатите коишто на државна матура го одбрале и го положиле предметот математика.

Дополнително, од факултетите во областа на техничките науки, ќе биде побарано да ја разгледаат и можноста за стипендирање на кандидатите коишто во текот на средното образование оствариле високи постигања поврзани со математичките знаења.

- Министерството за образование и наука цени дека соработката со сите општествени чинители и засегнати страни е од суштинско значење кога е во прашање унапредувањето на воспитно – образовниот процес на учениците. Во таа насока, отвореноста за соработка и почитувањето на нивните најдобри интереси и понатаму ќе бидат основни принципи при креирањето на образовните политики, стои во соопштението на МОН.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...