Грците се уште лути на „Њујорк Тајмс“ за Македонија

Атина, 1 април 2015 (МИА) - Иако го објави уште во јануари, Грците се уште не можат да му простат на „Њујорк Тајмс“ за написот во кој препорачува кои места треба да се посетат во 2015 година, во кој нашата земја ја нарекува Македонија.

„Во провокативниот напис во Њујорк Тајмс, кој има милиони читатели низ целиот свет, не само што Грција е исклучена од туристичките дестинации за 2015, туку и Скопје го нарекува Македонија“, коментираат грчките медиуми.

Под наслов „52 места во кои треба да се оди во 2015“, кусо пред почетокот на туристичките резервации, „Њујорк Тајмс“ пишува за волшебни места низ целиот свет од Азија до Америка, и Австралија до Европа, меѓу кои нема место за Грција, потсетуваат грчките медиуми.

„Наместо тоа, во статијата ги има двете соседни земји: Македонија и Турција. Па дури и на  провокативен начин“, се нагласува во Грција.

На Грците им пречи тоа што угледниот весник нашата земја ја нарекува со нејзиното уставно име Македонија, но многу се револтирани и од тоа што на крајот од текстот авторот го препорачува градот Кас на југот од Турција, наместо грчкиот остров Кос.

Прашувајќи дали им се прескапи грчките острови, весникот препорачува да се посети јужна Турција.

„Кос е аут, Кас е ин. И покрај економската катаклизма во Грција, цените на грчките острови останаа високи, и тие имаат се помалку да им понудат на туристите кои сакаат аранжмани „се вклучено“. Одете на медитеранскиот брег на Турција, и во неговиот скапоцен камен Кас“, порачува „Њујорк Тајмс“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...